Нова студија спроведена од д-р Џефри Пфер (Стенфорд) и д-р Џоел Го (Харвард) покажува дека зад навидум „обичниот“ работен ден лежи сериозна закана за здравјето, стрес на работа.
Нивното истражување, објавено во научното списание „Behavioral Science & Policy“, открива дека хроничниот стрес на работното место предизвикан од долги работни часови, недостаток на контрола и несигурност на работното место може значително да го скрати животниот век.
Уште поалармантен е фактот дека здравствените последици од токсична работна средина се споредливи со вдишување чад од тутун, а во некои случаи дури и поопасни од самото пушење.
„Замислете да работите под постојан притисок, без можност да влијаете врз одлуките и со постојан страв од губење на работата, тоа остава сериозни последици не само за вашата психа, туку и за вашето физичко здравје“, се наведува во анализата на студијата.
Авторите на истражувањето истакнуваат дека промените во работната средина, или со преместување на друго работно место, или со подобрување на условите на сегашното работно место, можат да имаат огромно позитивно влијание врз менталното и физичкото здравје на вработените.
Ова е повик за будење и за работодавците, бидејќи здравата работна средина не е луксуз, туку неопходност ако сакаме долг и продуктивен живот.