Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Струјата нема да поскапи? Енергетските компании нема да побараат зголемување на цената
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Струјата нема да поскапи? Енергетските компании нема да побараат зголемување на цената
ЕКОНОМИЈА

Струјата нема да поскапи? Енергетските компании нема да побараат зголемување на цената

Објавено June 2, 2025 18:13
Сподели
Сподели

Генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев не очекува да има промена на цената по која компанијата му ја продава електричната енергија на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.

Како што истакна Узунчев на денешната средба со новинарите во Министерството за енергетика, во првиот квартал од годинава успеале да ја намалат производната цена на електричната енергија на 98,9 евра за мегават час при што производната цена во РЕК Битола која лани беше 128 евра за мегават час сега е 96 евра.

-Успеавме за 7 отсто да ја намалиме производната цена без користење на хидропотенцијалите чија производна цена се движи од 22 до 27 евра за мегават час. Не бевме во можност да ги користиме бидејќи претходното раководство на ЕСМ лани масовно го користеше хидропроизводството и на 1 септември 2024 година кога ја презедовме компанијата хидропотенцијалот беше само 9 отсто иако е вообичаено на 1 октомври пред почетокот на грејната сезона да биде 50 отсто. На 1 јануари годинава влеговме со хидропотенцијал од 6 отсто, а сега е 48 отсто. Цел ни е на 1 октомври да биде минимум 50 отсто или околу 300 гигават часови, рече Узунчев.

Потврди дека реализацијата на планот за производство на АД ЕСМ во првиот квартал изнесувала 35 отсто, во вториот квартал е во рамки на планираното, а во третиот и четвртиот најави натфрлување на планот со цел годинава да ја завршат со профит, па макар и од еден евро цент.

АД ЕСМ 2024 година ја заврши со загуба од 123 милиони евра, а во 2023 година имаше профит од 3 милиони евра што според Узунчев се должел на субвенциите што и ги префрлила Владата на компанијата.

АД ЕСМ во моментов на универзалниот снабдувач му продава електрична енергија по цена од 62 евра за мегават час и затоа не добива субвенции од Владата.

Дека нема да побараат зголемување на цената на електричната енергија во свој дел на брифингот потврдија и директорите на МЕПСО Бурим Љатифи и на МЕМО Зоран Ѓорѓиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Втор протест на медицинските сестри во Tетово
Следна Статија Млекопроизводителите се суштината на млечната индустрија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Првпат по многу години Македонија има месечен суфицит во Буџетот

Видовме изминативе 7 години економијата по принципот на СДСМ И ДУИ како изгледаше, економија полна со криминал и корупција, она…

December 5, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски за субвенциите: Буџетот е како никогаш досега, долговите од минатото се вратени, тековни се исплатите

Во последниве недела-две се ислатени околу 240 милиони денари субвенции за оние што се занимаваат со сточарство и пчеларство, истакна…

March 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Раст од 3 %, прогнозира Народната банка за оваа година – Усвоен најновиот Квартален извештај

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај во чии рамки се…

June 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Назиф Дестани од „Еколог“ се откажа од „Еуромакс“– ги продал акциите

Тетовецот Назиф Дестани, кој на македонската јавност ѝ е познат како сопственик на фирмата „Еколог“, ги продал акциите во рударската…

May 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?