Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Студентите прогласија крај на протестите по инцидент пред Собранието на Србија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Студентите прогласија крај на протестите по инцидент пред Собранието на Србија
БАЛКАН

Студентите прогласија крај на протестите по инцидент пред Собранието на Србија

Објавено March 15, 2025 22:16
Сподели
Сподели

Крај на денешниот протест прогласија судентите во блокада во Белград откако обезбедувањето ниво пред српското Собрание, ги отстрани маркерите, а на насобраните во близина им нареди да се повлечат, јави МИА од Белград. Околу 19 часот се случи инцидент кога група луѓе фрлија пиротехнички средства во правец на кампот на Пионирски парк.
Студентите и претходно најавија дека протестот се прогласува за завршен ако има инциденти или повредени кои не биле предизвикани од студентите.

Во просторот пред Собранието на Србија повеќе нема од обезбедувањето на студентите, но различни групи луѓе сега шетаат и се собираат пред самата зграда.

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека на повеќе локации во центарот на Белград имало инциденти и тепачки меѓу дел од учесниците на денешниот протест, кои повеќепати ги напаѓале полицајците.

Припадниците на Министерството за внатрешни работи ги преземаат сите мерки и дејствија од нивна надлежност за спречување на понатамошна ескалација на овие инциденти, зачувување на јавниот ред и мир, заштита на граѓаните и одржување на безбедноста, се вели во соопштението.

Звукот што го прекина петнаесетминутниот молк на денешниот студентски протест и предизвика паника кај насобраните е звучно оружје или „звучен топ“ во сопственост на безбедносниот систем на Србија, изјави за Н1 Александар Радиќ, воен аналитичар.

„Најголемиот проблем на вечерашниот настан е – на кого му текнало да употреби вакво оружје? Во ситуација кога сите демонстранти беа мирни, кога се пренесуваше петнаесетминутната порака до жртвите, беше употребено оружје. Единствената цел на овој чин е брутално прикажување на сила, доказ за ароганција, а мотивот е омраза кон сопствениот народ“, изјави Радиќ за порталот Н1.
И во моментот пред Собранието на Србија се регистрирани „топовски удари“, јавија белградските медиуми.

Српскиот претседател се очекува вечерва во 22 часот да се обрати на нацијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Халанд во 95 натпревари 100 голови
Следна Статија Претепаното момче во животна опасност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Авион за гаснење пожар падна во море во Грција

Противпожарен авион „Канадер“ на грчките воздухопловни сили беше принуден да остане на море утрово откако се расипа за време на…

July 25, 2025
БАЛКАН

Не оставајте пешкири или лежалка на грчките плажи оти има ненајавени акции за отстранување

Општина Касандра, на првиот крак на Халкидики вчера и денеска продолжи со вонредните и ненајавени акции за отстранување на нелегално…

July 30, 2025
БАЛКАН

Претседателот Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28. членка на Европската унија

Црна Гора ќе биде 28. членка на Европската унија (ЕУ), изјави црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ. - Стратешкото партнерство меѓу ЕУ…

January 29, 2025
БАЛКАН

Дачиќ: Се вратив во живот, му благодарам на мојот брат Вучиќ

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ проговори за прв пат откако беше хоспитализиран поради билатерална пневмонија . -…

March 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?