Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Студентски протести во Србија во повеќе од 30 градови, се бара распишување предвремени парламентарни избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Студентски протести во Србија во повеќе од 30 градови, се бара распишување предвремени парламентарни избори
БАЛКАН

Студентски протести во Србија во повеќе од 30 градови, се бара распишување предвремени парламентарни избори

Објавено June 1, 2025 20:29
Сподели
Сподели

Студенти и граѓани денеска во Белград и во уште 30-на градови во Србија одржуваат протести на кои бараат одржување предвремени избори за Парламентот, јави дописникот на МИА.

Во Белград блокиран е Бранков мост од 18 часот , па се до 21:16 часот како и мостот Газела. Под слоганот „Стани Србијо“ (Востани Сербије), тие повикаа на колективна акција низ целата држава, седум месеци по падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 16 лица, а едно лице е тешко повредено.

На протестите студентите во блокада скандираат – „Сакаме правда, сакаме вистина, сакаме избори“, „Сакаме избори“, „Пумпај“ и „Исполнете ги барањата“, „Шарена револуција, шарена лага“, „Нема еволуција без револуција“. Носат и знамиња на факултетите.

Студентите во блокада имаат и на овие протести поддршка од граѓани.

Според претходните најави на студентите на социјалните мрежи, протестите ќе се одржат денеска во 32 градови во Србија.

Протестот под слоганот „Сакаме избори“ прво беше најавен само во Пожаревац, но студентските и граѓанските организации на други места одлучија да организираат собири или да ги одложат своите протести за денеска и на тој начин да се приклучат на колективната акција низ целата земја.

Студентите во блокада во Србија најавија протести за денеска низ државата каде еден од слоганите е „Децентрализацијата се вчитува“. Нивната цел е да покажат дека цела Србија е обединета во политичката борба и дека гласот на помалите градови е слушнат.

На почетокот на мај, студентите побараа одржување вонредни парламентарни избори, поради „длабоко вкоренета корупција“ додека институциите не се во можност слободно да работат на нивните барања.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 16 мај изјави дека изборите ќе се одржат во следната година и пол и дека ќе бидат објавени кога надлежните институции ќе донесат одлука за тоа.

Утврдувањето на кривичната и политичката одговорност за загинувањето на луѓето при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад е во фокусот на барањата на студентите

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Моќна соларна бура се движи кон Земјата: Последиците може да бидат катастрофални
Следна Статија Копачките на новиот селектор на Бразил беа во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Брза железница до 2035 година меѓу Белград и Загреб, ќе се стигнува за четири часа

До 2035 година, Белград и Загреб повторно би можеле да бидат поврзани со брза железничка линија што ќе ја врати…

November 16, 2025
БАЛКАН

Дојави за бомби во училишта низ Загреб

Училишта во Загреб утрово добија дојави запоставени експлозивни направи, информираа Градот Загреб и полицијата, наведувајќи дека децата се безбедни и…

February 6, 2025
БАЛКАН

Европол: Во Белград е уапсен платен убиец (ВИДЕО)

Европол и полицијата на Србија уапсиле вчера во Белград платен убиец, кого криминална организација го ангажирала во јануари 2021 година…

October 17, 2024
БАЛКАН

Демократската партија поднесе кривична пријава против Вучиќ за употреба на звучен топ

Претседателот на српската Демократска партија (ДС), Срѓан Миливојевиќ денеска до Обвинителството за организиран криминал поднесе кривична пријава против српскиот претседател…

April 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?