Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Субвенционираната авиолинија Скопје – Дубаи се одложи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Субвенционираната авиолинија Скопје – Дубаи се одложи
ЕКОНОМИЈА

Субвенционираната авиолинија Скопје – Дубаи се одложи

Објавено April 4, 2025 18:28
Сподели
Сподели

Авиокомпанијата „Флај Дубаи“ од Обединетите Арапски Емирати побарала од Министерството за транспорт и врски одложување поради објективни причини што не зависат од неа и затоа формално се бара пролонгирање на започнувањето на операција на линијата, јавува „Вечер прес“.

На првиот повик на Владата за субвенционирање авиолинии во октомври 2024, беа избрани шест авиолинии на „Визер“, „Туркиш ерлајнс“ и на „Флај Дубаи“. „Визер“ доби владина помош за летовите од Скопје до Барселона и до Лион, кои треба да почнат во мај 2025 година и до Штутгарт, од октомври 2025 година. „Туркиш ерлајнс“ од 27 март почна со летовите меѓу Истанбул и Охрид, четири пати неделно.

Авиокомпанијата „Флај Дубаи“, која аплицираше и доби субвенција од македонската Влада да ја одржува линијата Скопје – Дубаи од 30 март, побарала одложување на стартот. Авиокомпанијата од Обединетите Арапски Емирати побарала од Министерството за транспорт и врски одложување поради објективни причини што не зависат од неа и затоа формално се бара пролонгирање на започнувањето на операција на линијата.

Од Министерството за транспорт велат дека „Флај Дубаи“ му е целосно посветена на воспоставувањето на оваа дестинација.

– Министерството за транспорт останува во континуирана комуникација со авиокомпанијата и целосно ги подржуваме нејзините напори за реализација на оваа дестинација – велат оттаму.

На првиот повик на Владата за субвенционирање авиолинии во октомври 2024, беа избрани шест авиолинии на „Визер“, „Туркиш ерлајнс“ и на „Флај Дубаи“. „Визер“ доби владина помош за летовите од Скопје до Барселона и до Лион, кои треба да почнат во мај 2025 година и до Штутгарт, од октомври 2025 година. „Туркиш ерлајнс“ од 27 март почна со летовите меѓу Истанбул и Охрид, четири пати неделно.

Согласно со Програмата за финансиска поддршка 2025-2027 година, донесена од Владата, предвидени се 360 милиони денари за субвенции за воведување нови авиолинии. Оваа Програма има цел да го унапреди авиосообраќајот, да се обезбедат нови дестинации преку поволни услови за патување за граѓаните, како и развој на цивилното воздухопловство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трагедијата во Кочани главна тема на средбата Сиљановска Давкова-Радев, се разговарало и за евроинтеграциите
Следна Статија МПЦ-ОА: Свечен пречек на препис на чудотворната икон „Пресвета Богородица -„Скоропослушница“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Нема опасност да ни биде запрен гасот

Македонските граѓани и компании не треба да бидат загрижени дека ќе секне снабдувањето со гас, изјави денес министерката за енергетика…

October 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Според експертите, најдобро е британскиот заем да се инвестира во Чебрен

Експертите сметаат дека инвестицијата во Чебрен со помош на британскиот заем би претставувала значаен чекор напред. Ова би било најразумно,…

June 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Пензиите ќе пораснат за 2.500 денари по 1 април, Владата обезбеди средства

Пензионерите во Македонија ќе добијат вториот дел од ветените 5.000 денари од страна на ВМРО-ДПМНЕ, на 1 април, со исплатата…

January 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Време е за поднесување ДДВ-04 пријавите!

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ - 04 пријави дека рокот за…

January 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?