Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судењето за пожарот во „Пулс“ е голем предизвик за судството, вели Димовска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Судењето за пожарот во „Пулс“ е голем предизвик за судството, вели Димовска
Blog

Судењето за пожарот во „Пулс“ е голем предизвик за судството, вели Димовска

Објавено October 31, 2025 19:21
Сподели
Сподели

В.д. претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, во своето обраќање на Годишното собрание на Здружението на судии на Република Македонија, одржано денеска во Врховниот суд, истакна дека судството се соочува со сериозен предизвик – судењето за трагичниот пожар во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, кое има исклучителна општествена важност и правна сложеност.

Говорејќи пред колегите од Врховниот, апелациските и другите судови, како и пред членовите на Судскиот совет, Димовска нагласи дека овој процес нема да биде само тест за правната подготвеност на судиите, туку и за нивната издржливост, професионалност и независност.

„Секој од нас е свесен дека ваквите предмети се следат со големо внимание од јавноста, но тоа само дополнително ја нагласува нашата одговорност да останеме доследни на принципите на правдата и владеењето на правото“, изјави Димовска, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.

Таа изрази увереност дека судиите, обединети во истите вредности и стандарди, ќе покажат дека судството има сила, интегритет и знаење да се справи со секој предизвик – без притисоци, без страв и без компромиси со вистината.

„Да продолжиме да бидеме пример на професионалност, достоинство и меѓусебна поддршка. Само така можеме да ја зацврстиме довербата во нашата работа и во правосудниот систем“, додаде Димовска.

Од Кривичниот суд дополнително информираа дека од надлежните судски инстанци побарале целосна поддршка во организацијата и обезбедувањето услови за ефикасно водење на постапката, со доследно почитување на правата на странките и обезбедување присуство на јавноста. Судот упати апел и до надлежните министерства навремено да реагираат во рамки на своите ингеренции.

Судењето за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, е закажано за 19 ноември годинава. Рочиштата ќе се одржуваат во судницата во рамките на Казнено-поправната установа „Идризово“.

Предметот преку системот АКМИС е распределен кај судијката Диана Груевска-Илиевска.

За трагедијата се обвинети 34 физички и три правни лица. Тие се товарат за кривичното дело тешки дела против општата сигурност, со исклучок на едно лице обвинето за примање мито при издавање лажни лиценци за функционирање на објектот како кабаре-клуб.

Првообвинети се тројца одговорни лица и сопственици на фирмата „Класик ДМ“ ДОО Кочани и нејзината подружница „МММ кафе“ ДООЕЛ Кочани.

Меѓу обвинетите се и тројца поранешни градоначалници на Кочани, четворица директори на Дирекцијата за заштита и спасување, пет државни службеници, генерален секретар, двајца поранешни министри за економија, инспектори од Државниот пазарен инспекторат, како и членови на обезбедувањето на клубот, од кои еден без лиценца за вршење на дејноста.

Според обвинението, со непреземање на своите службени обврски, обвинетите овозможиле во Кочани да функционира објект како кабаре-клуб без да ги исполнува основните безбедносни и законски услови.

На оценка на обвинителниот акт се чекаше речиси три месеци, а од Кривичниот суд појаснија дека доцнењето било поради технички проблеми со доставата на обвинението до адвокатите и поднесените барања за изземање на судии поради блиски односи со оштетени или застапници на обвинети лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мисајловски: Во Армијата постојано се зголемува бројот на жени, во МО над 50 проценти се жени на раководни позиции
Следна Статија Јанев: Безбедноста во Тетово и регионот на највисоко ниво пред изборите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Маск го продаде Икс на својата компанија за вештачка интелигенција

Милијардерот Илон Маск објави дека ја продаде својата социјална платформа Икс (Х) на својата компанија за вештачка интелигенција „икс ЕјАј“…

March 29, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Близнаци – понеделник, 27 јануари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денес, Близнаци, ќе ви се придвижува со леснотија, а вашиот фокус ќе почива на личниот…

January 27, 2025
Blog

САД 5-1 Уругвај: Впечатлив триумф во пријателски натпревар

Стручен преглед и анализа на пријателскиот натпревар помеѓу САД и Уругвај од 18 ноември 2025 година

November 20, 2025
Blog

Бугарија има најкраток работен век во ЕУ, најдолго работат Холанѓаните!

Најдолго траење на работниот век е забележано во Холандија (43,8 години), по што следат Шведска (43), Данска (42,5), Естонија (41,4),…

July 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?