Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември
ХРОНИКА

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Објавено October 16, 2025 10:10
Сподели
Сподели

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во затворот „Идризово“, соопштија од Кривичниот суд.

„Како што претходно известивме, обвинителниот акт поднесен првично од ОЈО Кочани, па со решение на Јавниот обвинител на РСМ, доделен во надлежност на Скопското јавно обвинителство, беше одобрен во целост, а согласно АКМИС – системот, распределен на понатамошно постапување кај судија Диана Груевска Илиевска“, се наведува во соопштението.

Покрај судиите кои се иззема од постапување пред оцена на обвинителниот акт, дополнителнио и судиите Тамара Витларова – Смилевска и Илина Смичковска – Илиевска се изземаа од постапување по предметот заради лично познанство со дел од оштетените.

Како втор член на судечкиот совет, кој ќе постапува по предметот, согласно измените на годишниот распоред за постапување на судиите, ќе постапува судијата Ахмед Идризи.

Дополнително, заради ефикасно и економично постапување, определени се повеќе термини за главна расправа односно 25.11.2025 год., 26.11.2025 год., 2.12.2025 год., 4.12.2025 год., 10.12.2025 год. и 11.12.2025 год, а по отпочнување на расправата ќе се усогласат и дополнителни термини.

Од Судот информираат дека поканите до странките се веќе во фаза на достава.

Во пожарот во „Пулс“ на 16 март загинаа 63 лица, од кои и шест малолетници, а 200 беа повредени. На обвинителна клупа ќе седнат 37 обвинети лица

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопјани се жалат: Парно нема, иако грејната сезона е почната
Следна Статија ЈСП утре останува без гас: Можни се откажувања на линии поради прекин на испораката

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Лажен поп – „оперирал“ на гробиштата во Ѓорче Петров и Волково

Необичен инцидент се случил викендов на гробиштата во Ѓорче Петров и скопско Волково, каде според сведоштва на граѓани, лице облечено…

November 3, 2025
ХРОНИКА

Нова акција на МВР: Се разбива мрежа за нелегални престои на странски државјани, вмешани и полицајци

Министерството за внатрешни работи спроведува нова акција чија цел е нелегално регулирање на престој на странски државјани во државата пренесува…

May 22, 2025
ХРОНИКА

Обвинителство отвори предмет за деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир

Обвинителство отворило предмет и постапува во врска со деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир,…

June 4, 2025
ХРОНИКА

Имал забрана, а возел пијан- уапсен велешанец

На 28.02.2026 во 21:10 часот на автопатот Куманово-Велес, кај клучка Аеродром во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност…

March 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?