Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судењето на возачот обвинет за прегазувањето на Фросина Кулакова започнува в петок
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Судењето на возачот обвинет за прегазувањето на Фросина Кулакова започнува в петок
ХРОНИКА

Судењето на возачот обвинет за прегазувањето на Фросина Кулакова започнува в петок

Објавено May 6, 2025 14:21
Сподели
Сподели

Судењето против Васил Јованов, возачот кој според обвинението на пешачки премин ја прегази Фросина Кулакова започнува в петок во Основен Кривичен суд во Скопје со почеток во 10 часот. Васил Јованов е обвинет за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за кое е предвидена затворска казна до 20 години. Случајот ќе го води судијката Снежана Марковска.

Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место.

Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог и против таткото на Васил, Зоран Јованов, за кривично дело „предизвикување општа опасност“ од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинението се однесува на периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година, во кој Зоран Јованов дозволувал на својот син Васил Јованов да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека синот нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти вклучително и сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кривична пријава за поранешниот директор на Здравствен дом Куманово, го оштетил за 350.000 евра
Следна Статија Десет обвинети за злоупотреби во РЕК Битола, штетата е речиси три милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

СВР Скопје ги фати четворицата вмешани во вчерашното пукање во Чаир

СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан случен вчера (14.10.2024) околу 18 часот во Скопје на ул. „Христијан Тодоровски- Карпош“,…

October 15, 2024
ХРОНИКА

Стојанче Јовановски имал 10 кривични пријави за насилен криминал, имотни деликти и дрога

Сопругот и татко на сега починатите мајка и ќерка кои вчера паднаа од зграда во Тафталиџе имал богатo криминално досие.…

March 3, 2026
ХРОНИКА

Приведена штипјанка, со тврд предмет го нападнала својот татко

На 15.02.2025 во 16:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода И.К.(36) од Штип, по…

February 16, 2025
ХРОНИКА

Жртва на „Беланоца-Барон“ убиен за 10.000 евра бидејќи предал обвинети во „Монструм“

Член на организираната криминална група „Беланоца- Барон“, за која вчера Обвинителство поднесе обвинение за повеќе тешки кривични дела извршени во…

May 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?