Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судењето против поранешниот директор на Онкологија, Васев и тројца онколози одложено за 5 септември
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Судењето против поранешниот директор на Онкологија, Васев и тројца онколози одложено за 5 септември
ХРОНИКА

Судењето против поранешниот директор на Онкологија, Васев и тројца онколози одложено за 5 септември

Објавено July 11, 2025 12:39
Сподели
Сподели

Судскиот процес против четворица лекари онколози, меѓу кои и поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за несовесно лекување на пациенти, во предметот „Онкологија“, се одложи за 5 септември поради отсуство на второобвинетата Мери Пешевска.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска на обвинителна клупа седна првообвинетиот Никола Васев и двајца обвинети онколози Симонида Црвенковска и Драган Јакимовски, додека за Пешевска нејзиниот бранител, адвокат Јовица Страшевски до Судот достави медицинска документација од 10 јули и барање за одлагање на денешното рочиште.

Одбраната, пред почетокот на денешното рочиште, достави дополнение на докази со кои се спорат вештачењата на Обвинителството.

Адвокатот на Нино Васев, до Судот доставил дополнителен доказ, со кој, како што наведе, се докажува дека лицето Маја Радник, нема статус на лице судски вештак во Словенија.

Сметам дека доказите обезбедени од Обвинителството кои се однесуваат на вештачење од Словенија треба да бидат издвоени и да не бидат ценети во постапката, реагираше адвокатот.

Јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска, на тоа наведе дека Обвинителниот акт ја поминал процедурата за оцена и нејасно е зошто ова не било акцентирано во тој дел.

Во конкретниот случај е обезбедена замолница до Србија и Словенија со што е обезбедена законитост на доказите. Не се спори содржината на вештачењата туку процедурата. Сметам дека ваквите наводи на одбраната се беспредметни, дотолку што се поминати во фаза на оценка на обвинителен акт, изјави обвинителката Гоговска Јакимовска.

Судијката Снежана Марковска, која го води случајот, го прифати барањето за одлагање на денешното рочиште поради отсуството на второобвинетата, а со цел, како што наведе и Судот да се запозна со барањата на одбраната за отфрлање на дел од доказите, прибавени од Обвинителството.

Според обвинението, првообвинетиот, Васев како директор на Клиниката, во соизвршителство со друг лекар на истот оддел, се товари дека извршил продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување болни“.

Во обвинителниот акт стои дека со медицинските вештачења е утврдено дека кај 29 пациенти првообвинетиот применил очигледно неподобен начин на лекување и спротивно на тековните онколошки упатства, со отстапувања во дозирањето и во фазата на лекување, давал лекови од новите генерации на таргет и имунотерапија со што тешко го нарушил здравјето на пациентите. Во дел од случаите ова му било овозможено од втората обвинета која му ставила на располагање свој факсимил со кој одобрувал и препишувал терапија и свое корисничко име и лозинка со кои радолжувал терапија во ХИС системот на Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за онкологија и радиотерапија.

Другите двајца лекари се товарат за основното кривично дело „несовесно лекување болни“, сторено како продолжено кривично дело.

Врз основа на медицинските истории за овие двајца обвинети лекари е утврдено дека одредувале терапија со лекови од новите генерации на таргет и имунотерапија во фаза на лекувањето кога било многу очигледно дека пациентите од таквиот лек воопшто нема да имаат корист поради лошиот перформанс статус и немањето време да се развие механизмот на дејство, без да биде наведена телесна тежина и висина на пациентите, со отстапувања во дозирањето, со што дополнително ја влошиле нивната состојба.

Во случајот „Онкологија“, обвинителство поднесе уште едно обвинение кое се уште е на оценување во Кривичниот суд, и се однесува за економското работење на Клиниката, во кое првообвинет, исто така, е поранешниот директор Васев, заедно со поранешниот економски директор на Клиниката. Двајцата директори се обвинети за злоупотреба на службена положба, измама и проневера во периодот од 2018 до 2022 година, при што со незаконски постапки за набавка на лекови му нанеле штета на државниот буџет од над 2,2 милијарди денари. На Васев и Нухи, за овој случај им беше определен 30 дневен притвор на 20 јуни годинава.

Во обвинителниот акт стои дека тие, спротивно на законите и без валидна документација, овозможувале исплати од Фондот за здравствено осигурување, со што добавувачите прибавиле корист од над 430 милиони денари. Дополнително, медицинскиот директор фиктивно раздолжувал лекови и присвоил дел од нив, со што лично прибавил имотна корист од најмалку 13 милиони денари.

Истрагата ОЈО Скопје ја заврши на 22 мај годинава и до Кривичен поднесе две обвиненија за предметот „Онкологија“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Нова инвестиција од шест милиони евра и 200 нови вработувања
Следна Статија Кузеска: Додека државата гори, додека семејствата во Кочани молат за помош, Владата ќе потроши 1,8 милион евра од народните пари за да се луксузира

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Ја уценувал екс партнерката со експлицитни фотографии, за да не ги објави му платила над 500.000 денари

СВР Битола поднесе кривична пријава против К.М.(47) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. На…

December 12, 2024
ХРОНИКА

Отворена истрага за убиството на Орхан Бајрам – Оки – осомничениот е припадник на нарко групата „Барон“

Скопското обвинителство отвори истрага за убиството на Орхан Бајрам – Оки, еден од водачите на криминалната група „Дуќанџик“ кој беше…

November 30, 2024
ХРОНИКА

Човек се бори за живот откако во него налета автобус на ЈСП

Вчера во 11.40 часот кај Транспортниот центар во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која што автобус на ЈСП Скопје,…

January 18, 2025
ХРОНИКА

МВР: Лишен од слобода 43 годишен родител на фудбалер, по инцидентот на натпреварот меѓу пионерските екипи на „Шкупи“ и „Брегалница“

Министерството за внатрешни работи информира дека е уапсен 43-годишен родител по денешниот инцидент на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на фудбалските…

August 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?