Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судење за „Пулс“: Хотели се контролирале, дискотеки не – Салиу го оспори својот потпис
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Судење за „Пулс“: Хотели се контролирале, дискотеки не – Салиу го оспори својот потпис
ХРОНИКА

Судење за „Пулс“: Хотели се контролирале, дискотеки не – Салиу го оспори својот потпис

Објавено June 8, 2026 20:36
Сподели
Сподели

Судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжи со изведување на материјални докази од страна на Обвинителството, при што во фокусот беа повеќегодишните планови и документи на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) кои, според обвинението, покажуваат сериозни пропусти во планирањето и спроведувањето на инспекциските контроли на објекти со зголемен ризик од пожар.

Обвинителката пред судот презентираше документи од 2016 година, кои се однесуваат на годишните планови за надзор на објекти на територијата на државата. Според неа, во тие планови биле утврдени критериуми за проценка на ризик од пожари и други безбедносни закани, но за општина Кочани не бил предвиден ниту бил спроведен надзор на објекти што би можеле да претставуваат ризик.

„За општина Кочани не е ниту предвиден, ниту е спроведен надзор. Не е назначен ни инспектор кој би извршил редовен или вонреден надзор“, посочи обвинителката. Таа потоа презентираше документи и од претходните години. За 2015 година наведе дека бил извршен само еден инспекциски надзор во Кочани, и тоа во објект кој не бил оценет како ризичен од аспект на противпожарната заштита. Според обвинението, ризичните објекти воопшто не биле предмет на контрола за да се утврди нивото на загрозеност.

Судот потоа разгледуваше и документација од 2014, 2013 и 2012 година. Од тие материјали, според Обвинителството, произлегува дека ДЗС не воспоставила јасни критериуми за проценка на загрозеноста на објектите од други видови несреќи и опасности. Во плановите и барањата за надзор биле опфатени хотели, мотели и други угостителски објекти, но не и дискотеки и кабаре-клубови, иако токму таквите објекти собираат голем број посетители и претставуваат потенцијален ризик во случај на пожар.

„Се направил план од ДЗС за контрола на хотели, ресторани и мотели и повторно се изоставени кабаре-клубови и дискотеки“, истакна обвинителката.

Во судницата на објавените документи кои опфаќаа планови за контрола, реагираше обвинетиот Шабан Салиу, поранешен директор на ДЗС кој тврдеше дека иако на нив фигурира негов потпис, ракописот не бил негов. Судијката Дијана Груевска-Илиевска, го праша дали сака да каже дека некој му го фалсификувал потписот без тој да забележи. „Сакате да кажете дека некој ви го фалсификувал потписот, а вие не сте виделе? Сте немале заменик да ви каже?“, праша судијката. Адвокатот на Салиу одговори дека за тоа ќе дадат објаснување во понатамошниот тек на постапката, додека обвинетиот видно реагираше од своето место во судницата.

По ова, на паузата од рочиштето, следуваше реакција и од семејствата на настраданите во пожарот. Тие оценија дека суштината на случајот е како институцијата функционирала и дали навремено ги спроведувала своите законски обврски. Според нив, ако документите биле усвоени, архивирани и врз основа на нив се постапувало со години, тогаш прашањето за потписот отвора уште посериозни дилеми за начинот на работа во институцијата.

„Прашањето во судницата не беше кој ја водел институцијата и што се правело со години , туку кој го држел пенкалото , иако тие документи биле усвоени и архивирани и по нив институцијата работела. Тогаш работите не стануваат помалку сериозни туку повеќе, затоа што ако навистина некој потпишувал место директор, тогаш во институцијата можело некој да става туѓ потпис, да поминуваат планови и извештаи. Ако било така, тогаш се поставува прашањето каде била контролата во ДЗС“, изјави Александар Наунов , претседател на Здружението „16 Март“.

Во предметот се обвинети четворица поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување – Шабан Салиу, Аднан Џафероски, Беким Максути и Џевад Селами, кој бил на чело на институцијата во времето кога се случи трагедијата во дискотеката „Пулс“. Обвинителството преку изведувањето на документацијата настојува да докаже дека во подолг временски период постоеле системски пропусти во планирањето и спроведувањето на инспекциските контроли, што, според обвинението, придонело ризични објекти да останат надвор од институционалниот надзор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот Борис Трајковски
Следна Статија Инфлацијата во мај достигна 4,8%, поскапеле храната и транспортот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Приведени сопругата и ќерката на сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани

Сопругата и ќерката на сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, синоќа се приведени, неофицијално дознава Нетпрес. Одземени се…

March 25, 2025
ХРОНИКА

Масовна тепачка пред прилепската болница, 13 лица приведени

Прилепската полиција приведе 13 лица по масовна тепачка пред градската болница „Борка Талески“ во Прилеп. Физичката пресметка била меѓу две…

September 19, 2025
ХРОНИКА

Ја снимал девојката додека имале сексуален однос, кога сакала да му раскине и се заканувал со видеото

На 12.03.2025 во 20.00 часот во СВР Скопје, 50-годишен маж од Скопје пријавил дека неговата 15 – годишна ќерка подолго…

March 13, 2025
ХРОНИКА

Во автобус од Германија кон Македонија пронајдени непријавени речиси 35.000 евра

Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција  во тетовско сопреле автобус „мерцедес“…

May 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?