Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судиите до Мицкоски: Со вашите коментари ги преминавте границите на доброто однесување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Судиите до Мицкоски: Со вашите коментари ги преминавте границите на доброто однесување
МАКЕДОНИЈА

Судиите до Мицкоски: Со вашите коментари ги преминавте границите на доброто однесување

Објавено November 14, 2025 14:42
Сподели
Сподели

Двете највисоки тела на судската власт во државата и Здружението на судии денеска преку писмено соопштение реагираа на критиките што премиерот Христијан Мицкоски вчера повторно ги упати до судиите велејќи дека нема да прави реформи во правосудниот систем, што, според него, предвидуваат само зголемување на нивните плати.

Мицкоски ги доведе реформите во корелација со враќањето државни долгови од две милијарди евра, наведувајќи дека Владата не може да одвои повеќе пари од буџетот за независно финансирање на обвинителство и судовите од, како што кажа, најразвиените земји во Европската Унија.

Говорејќи во таа насока, тој иронично рече дека ќе ја донира својата плата за судиите и јавните обвинителите, само да судат, како што рече, согласно закон, а не како што прават досега.

Во заедничко соопштение, од Судскиот совет, Врховниот суд и Здружението на судии оценија дека премиерот со неговите коментари за судиите и судството ја преминал границата на добро однесување и преминал во неаргументирани и паушални напади.

„Веќе подолго време Вашите коментари кои ги давате за судиите и судството ја преминаа границата на доброто однесување и преминаа во неаргументирани и паушални напади. Критиката е добронамерна само кога се даваат конкретни забелешки и конкретни предлози за решавање на проблемите. Неаргументирана критика е покажување на намера ништо да не се преземе за подобрување на состојбите, туку севкупната општествена апатија да се префрли како вина на судиите“,се вели во соопштението.

Судскиот систем, како што се посочува во него, никогаш не генерирал долгови, па оттаму, се додава, е нејасно каква е поврзаноста на судството со државниот долг од две милијарди евра, „кој недвосмислено е последица на постојаното задолжување на извршната власт, во минатото и сега“.

Според трите судски тела, ситуацијата во однос на буџетот е сосема спротивна. Наведуваат дека токму судовите преку наплата на паушали и парични казни со години наназад ја полнат државната каса, а за возврат не добиваат никаков поврат од буџетот, во смисла на нови вработувања, дигитализација на услугите, опремување на судниците…

Во таа насока судиите посочуваат на последниот Извештај на Европската комисија (ЕК), во кој, како што велат, јасно е нагласено дека најголемиот проблем во судството е независноста на судиите, која е поткопана од постојано мешање на извршната и законодавната власт.

„Како круцијален проблем е истакната и финансиската зависност на судството од државниот буџет, а во оваа смисла платите на судиите се само еден сегмент од финансиската независност. Ова се проблеми кои државата мора да ги поправи бидејќи тие се суштински за европската перспектива на земјата“,се вели во заедничкото соопштение.

Својот одговор до премиерот, судиите го заокружуваат со забелешка дека со неговите коментари тој го нарушува демократскиот принцип на рамноправност на трите власти – судската, законодавната и извршната.

„Судската власт е уставна категорија, а Уставот и независноста на судската власт треба да се почитуваат“,потсетуваат од Судскиот совет, Врховниот суд и Здружението на судии.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Овој здравствен систем има недостатоци, ама испорачува, изјави директорот на Фондот Сашо Клековски
Следна Статија Коцевски: Недостигаат финансиски средства и кадар, вработените во обвинителствата работат со натчовечки напори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал

Со традиционалното дефиле под маски денеска напладне почнува официјалниот дел од Вевчанскиот карневал. Маскирани, вевчанци на сатиричен начин, зачувувајќи ја…

January 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гаши контра Уставниот суд: Пратениците имале право на интерпелација против секој функционер

 Секоја иницијатива поднесена од страна на пратениците, доколку е во согласност со Уставот и Деловникот и законите, ќе биде процесирана…

June 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство нека се јават на ОВОЈ БРОЈ- Ќе се обезбеди превоз и сместување

Службата за општи и заеднички работи при Владата изразува длабоко сочувство до семејствата на настраданите во страотната трагедија во Кочани…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

МНР апелира до македонските државјани кои се во Мексико да ја напуштат државата поради тамошните немири

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат…

February 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?