Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судијата Димовски го тужи Судскиот совет пред Управниот суд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Судијата Димовски го тужи Судскиот совет пред Управниот суд
МАКЕДОНИЈА

Судијата Димовски го тужи Судскиот совет пред Управниот суд

Објавено June 11, 2025 18:12
Сподели
Сподели

Шест судии кои Судскиот совет ги унапреди односно ги префрли од Граѓански во Апелациски суд може да не дојдат до повисоката позиција.

Постапката може да се врати на почеток доколку Управниот суд одлучи позитивно на тужба од судијата Андреј Димовски, кој смета дека не бил праведно оценет односно не му биле доделни соодветни поени за сите услови кои ги исполнува, објави „Алфа“.

Наведувајќи пракси на Европскиот суд за човекови права по вакви случаи судијата Димовски бара Управен да да му ја уважи тужбата и да го поништи решението за негово оценување.

Начинот на непремена на прописите од тужениот, беше неисправен до тој степен што претставуца прекршување на позитивните обврски на државата која таа ги има преземено согласно член 6 од Европската конвенција за човековите права“ рече граѓанскиот судија Андреј Димовски.

Адвокатот на Димовски е на став дека иако претходно имало одлука од Управен и Врховниот суд, како што велат во полза на граѓанскиот судија, Судскиот совет сепак не ги испочитувал во оценувањето и носењето одлука. Освен што не ги испочитувале, тие продолжиле со изброот на судии во повисокиот суд.

Претходната пресуда на овој суд содржеше низа забешки за кои со доказната постапка Судот ќе констатира дека воопшто не се отстранети, а како такви ги има многу“ рече Билјана Јандриоска, адвокат на Димовски.

Судскиот совет пак, со контра аргументи. Вели решението за оценување во декември 2023 било донесено според Законот од 2019, а Врховниот суд го укинал решението по приговор а не по оценувањето на судијата.

Правната заштита предвидена согласно Законот за СС, тужителот претходната правна постапка за иста правна работа ја водел со тужениот огран и пред Врховниот суд..“ рече претставникот на Судкиот совет.

Судијата Димовски бара Судски да му направи ново оценување и бодување. Доколку Управниот суд ја прифати тужбата, највисокото судско тело ќе треба повторно да изврши оценување на овој судија што може да влијае на сегашниот избор во Апелација.

Според одлуката на членовите на Судски, од Скопска двојка во повисокиот суд беа унапредените судиите Елизабета Настов, Софија Миленкова, Цветанка Сиљаноска Костадиновска, Кети Германова, Благица Ѓошевска и Артан Лимани.

Изборот кој го направи Судски неколку дена е под лупа на јавноста и експертската фела. Спорни беа повеќе работи, а во очи најмогу падна дека изборот се случи три години од распишување на огласот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Правните застапници на оштетените семејства на Вања и Панче се изјаснија дека во целост ги прифаќаат завршните зборови на Обвинителството
Следна Статија Божиновска: Со новиот Закон за енергетика се прифаќаат сите добри европски практики

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Продолжуваме да се бориме за нашиот идентитет, да го повратиме распродаденото од националните предавства на претходната Влада

Премиерот Христијан Мицкоски, по обвинувањата од опозицијата дека власта се откажала од идентитетот и јазикот, порача дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ…

July 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

СЕ ПРОДАВА ЛУКСУЗОТ НА ГРУЕВСКИ Државата ги пушти во продажба становите на Водно кои вредат над 2,4 милиони евра

Пет стана, за кои судот утврди дека се во сопственост на поранешниот премиер Никола Груевски, официјално се ставени на продажба. Имотите беа…

June 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почна увидот во опожарената зграда во Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје и полициски екипи започнаа увид во зградата на улицата „Прохор Пчињски“ во Чаир, каде на 2…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Казни за возење велосипед или преминување раскрсница со мобилен – стартуваат во петок

Според новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот, кои стапуваат во сила на 26 септември, важат нови правила за…

September 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?