Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судијата Ристов чувал предмети во фиока за да застарат, утврди Судскиот совет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Судијата Ристов чувал предмети во фиока за да застарат, утврди Судскиот совет
МАКЕДОНИЈА

Судијата Ристов чувал предмети во фиока за да застарат, утврди Судскиот совет

Објавено March 11, 2026 20:21
Сподели
Сподели

Судскиот совет на денешната 538. седница констатира сериозни сомнежи за нестручно и несовесно постапување на судии од Апелациониот суд Скопје поради неразумно одолжување на судските постапки, што резултирало со апсолутна застареност на предмети.

На седницата беа разгледани и усвоени извештаите од работните групи по извршените увиди во Основниот суд Тетово и Апелационите судови во Гостивар и Скопје. Притоа беше посочено и на системски проблеми во водењето на казнената евиденција меѓу полицијата и судовите.

При разгледувањето на извештајот за работата на Основниот суд Тетово, по претставка од полицијата за неосновано укинување мерка притвор на две лица, работната група утврди дека судот постапил согласно законот. Иако во евиденцијата на МВР лицата фигурирале како повеќекратно осудувани рецидивисти, тие пресуди биле стари и правно избришани. Членовите на Советот укажаа дека постои системски проблем, бидејќи бришењето на осудите во судовите најчесто не се врши по службена должност.

– И понатаму ќе постои проблем помеѓу податоците за казнената евиденција кои ги има МВР и она што се случува во судовите, бидејќи кај нас сè уште отсуствува задолжителното бришење по службена должност. МВР честопати има една евиденција, судовите се бавни, не прават бришење, тоа најчесто се прави по барање на странките и затоа ова ќе биде проблем – посочи членот на Судскиот совет Ивица Николовски.

На седницата беше усвоен и извештајот од посетата на Апелациониот суд Скопје, презентиран од судијката Антоанета Димовска, кој произлезе по анонимна претставка за работата на еден судија. Работната група констатирала пречекорување на роковите за објавување пресуда, како и неоправдани одложувања на јавните седници по барање на бранителите, со што им се овозможувало на обвинетите подолго да останат во куќен притвор.

За едно од констатираните прекршувања при објавата на пресудата, во извештајот било наведено дека таквото постапување ја повредува одредбата на член 405 став 1 од Законот за кривичната постапка, кој утврдува „откако судот ќе ја изрече пресудата, претседателот на советот веднаш ќе ја објави; ако судот нема можност да ја изрече пресудата истиот ден по завршувањето на главната расправа, ќе го одложи објавувањето на пресудата најмногу за три дена и ќе го определи времето и местото на објавувањето на пресудата“.

Во продолжение, членката на Советот Сузана Јошевска го презентираше извештајот за постапувањето на друг судија од Апелациониот суд Скопје во два предмети кои, како што рече, биле познати во јавноста.

За првиот предмет, Јошевска рече дека е утврдено оти настапила апсолутна застареност на 30 декември 2025 година, откако предметот бил пред Апелациониот суд речиси година и пол, во текот на кои биле закажани вкупно 16 јавни расправи. Во вториот предмет, пак, додаде дека застарувањето било спречено исклучиво поради итното и ажурно постапување на Врховниот суд.

– Од тие причини, се констатира дека постојат одредени сомневања за несовесно постапување на судијата, бидејќи не сторил доволно напори предметот да биде завршен навремено, така што кривичниот прогон да не биде доведен во опасност од апсолутна застареност – рече Јошевска-Анастасовска.

По презентацијата на извештаите, членовите на Судскиот совет развија подолга дискусија околу тоа дали работните групи треба да предлагаат конкретни заклучоци и мерки по констатираните состојби или нивната задача е само утврдување на фактичката состојба. Дел од членовите реагираа дека не е доволно извештаите да содржат само наводи за сомнежи, туку е потребен конкретен предлог за понатамошно постапување за утврдување одговорност. На тоа беше возвратено дека работната група не може да прејудицира и да носи заклучок за поднесување барање за одговорност, туку тоа е право на секој член на Советот поединечно откако ќе се запознае со фактите.

И покрај дебатата за начинот на кој се формулираат заклучоците, Судскиот совет ги усвои извештаите од извршените увиди на работните групи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Проблемот со транспортерите најверојатно ќе се реши преку издавање годишни визи со повеќекратен влез и излез
Следна Статија Трендафилов повикува на протест – 160.000 работници живеат под прагот на сиромаштија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Препораки од здравствени работници пред празниците: Умерено со алкохолот, воздржување од пиротехнички средства

Умерено со алкохолот, редовна терапија за хроничните болни, воздржување од разни пиротехнички средства и оружје, препорачуваат здравствените работници, во изјава…

December 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Исланд најбезбедна, Македонија 51-ва најбезбедна држава во светот

Додека светот е потресен од војни, насилство и нестабилност, Институтот за економија и мир го објави најновиот Глобален индекс на…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Тетово под вода: Се извлекуваат заглавени комбиња и автомобили

Силниот дожд што го зафати попдалнево Тетово, поплави улици и дворови во градот и околината. Пожарникарите извлекувале и комбе заглавено…

October 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Започнува процесот на полагање за лиценци за работа во детските градинки што беше стопиран една година

Измената на Законот за заштита на децата ја помина собраниската процедура, а со тоа започнува процесот на полагање за лиценци…

December 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?