Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судијата Ѓоко Ристов останува во куќен притвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Судијата Ѓоко Ристов останува во куќен притвор
МАКЕДОНИЈА

Судијата Ѓоко Ристов останува во куќен притвор

Објавено April 17, 2026 14:52
Сподели
Сподели

Апелацискиот суд во Штип ја одбил жалбата и го потврдил решението на првостепениот суд за продолжување на мерката куќен притвор на судијата Ѓоко Ристов – соопштија од судот. Со ова Ристов останува во куќен притвор откога одбраната се жалеше на претходната одлука за продолжување на мерката.

Судијата Ристов, кој работеше во Апелацискиот суд Скопје, е обвинет за противправно стекнување и прикривање имот и за перење пари. Обвинението следува откако во јануари 2026 година беа пронајдени 350.000 евра кеш заѕидани во ѕид во куќата на неговите родители во Неготино за кои тој, според истрагата, немал доказ за потекло и не ги пријавил во анкетниот лист.

Случајот првично почна со адвокатот Фехми Стафа, поранешен државен правобранител, кој во декември 2025 година беше фатен ин флагранти при примање 20.000 евра од договорен вкупен износ од 100.000 евра мито. Парите, според Обвинителството, биле наменети за посредување и влијание врз апелацискиот судија за укинување мерка притвор во конкретен предмет.

Стафа ја призна вината, склучи спогодба со Обвинителството и беше осуден на една година и три месеци затвор за примање награда за противзаконито влијание.

Врз основа на обезбедените докази, ОЈО за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против судијата, а постапката и натаму е во тек

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јовановски се брани: Тврди дека бил жртва на закани и уцени , обвинителството тврди дека е обид за манипулација
Следна Статија Иселениците почнаа да се враќаат, тоа е резултат на новите политики на Владата,вели министерката за образование

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски подели новогодишни пакетчиња на дечињата

Денес, заедно со претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски и пратеникот, Бојан Стојаноски, посетивме семејства во нашата општина…

December 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

МВР објави голем оглас, ова се професиите што се бараат

Врз основа на член 22 став 1 точка 1 од Законот за работните односи („Службен весник на РМ“ бр.62/05, 106/08,…

November 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА

Почитувани читатели, зад нас ја оставаме 2025-ра година, а кажуваме “добредојде“ на 2026-та. Вам и на вашите семејства ви посакуваме…

January 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари  средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка,…

March 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?