Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судијка од Велес времено ќе суди во Кочани поради зголемениот обем на работа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Судијка од Велес времено ќе суди во Кочани поради зголемениот обем на работа
МАКЕДОНИЈА

Судијка од Велес времено ќе суди во Кочани поради зголемениот обем на работа

Објавено May 14, 2025 17:09
Сподели
Сподели

Со одлука на Судскиот совет, судијката Емине Калач од Основниот суд Велес, ќе биде времено делегирана во Судот во Кочани каде што во наредните два месеца ќе треба да помогне во работата и постапувањето во кривичниот оддел на кочанскиот суд кој е соочен со зголемен обем на работа поради трагедијата во т.н. кабаре „Пулс“.

Во барањето на кочанскиот суд, кое на денешната седница на Судскиот совет го образложи судијата известител Исамедин Лимани, се наведува дека Судот се соочува со проблеми при составување на кривични совети за постапување во предмети во кривична постапка.

„По случајот со пожарот, отежнато е постапувањето по редовните предмети и се јавува застој во работењето. Ги зедов предвид податоците од судовите во Велес, Штип и Струмица и со оглед дека треба интервентно да се дејствува, предлагам да биде судија од Велес сè до одлука на комисијата“,рече Лимани на денешната седница на Судскиот совет.

Во врска со ваквата одлука на Судскиот совет, подоцна се произнесе претседателот на ова тело Александар Камбовски. Тој рече дека ситуацијата со недостиг на судии во Кочани нема да се реши, туку ќе се ублажи со делегирањето на судијката од велешкиот суд.

„Сметаме дека со овој еден судија, барем во овој период додека направиме целосна анализа за сите судии во државава, донекаде ќе успее да помогне на колегите коишто работат таму“,рече Камбовски и изрази благодарност до судиите, стручните соработници и советници кои работат во овој суд поради покажаната свесност за ситуацијата во Кочани

Во врска со недостигот на судии во судовите низ државата, Камбовски посочи дека се работи за вонредни околности кои се наметнале по кочанската трагедија, а во однос на надминување на проблемот рече дека е формирана комисија која ќе ја анализира состојбата во сите судови и ќе дава предлози.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Предлог-Законот на СДСМ за помош на настраданите во Кочани не доби поддршка
Следна Статија Ангеловска-Бежоска на годишниот дијалог со ЕУ: Макроекономската стабилност е зајакната, но потребни се структурни реформи за одржлив раст

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во вториот круг од изборите право на глас имаат 1 013 375 граѓани, за гласање пријавени 4 826 болни

Во вториот круг од локалните избори 2025 в недела кога ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во…

October 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Градоначалникот на Струга Ќура ќе го продава службеното возило на Мерко, а најави откази на сите што не одат на работа

Новиот градоначалник на општина Струга, Менди Ќура, денеска официјално ја презеде функцијата од Рамиз Мерко, по што најави серија одлуки…

November 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски најави набавка на униформи: Спорната набавка е законска, но немаше доволно критериуми во тендерот

По осумгодишен застој во обновувањето на службената опрема, Министерството за внатрешни работи најави дека до крајот на годината поголемиот дел…

June 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Намалена видливост поради магла од 100 до 150 метри во Штип и на патот Велес-Катланово

Намалена видливост поради магла од 100 до150 метри има во Штип и на патниот правец Велес-Катланово. Од АМСМ информираат дека…

January 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?