Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судот во БиХ утре ја објавува пресудата за Додик, тој најавува „радикални мерки“ ако биде осуден
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Судот во БиХ утре ја објавува пресудата за Додик, тој најавува „радикални мерки“ ако биде осуден
БАЛКАН

Судот во БиХ утре ја објавува пресудата за Додик, тој најавува „радикални мерки“ ако биде осуден

Објавено February 18, 2025 11:22
Сподели
Сподели

Суд во Босна и Херцеговина утре ќе ја заврши едногодишната судска постапка против лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, кој е обвинет за непочитување на одлуките на високиот претставник. Доколку биде прогласен за виновен, Додик и неговите најблиски соработници најавуваат „радикални мерки“.

На последното рочиште, предвидено за изнесување на завршните зборови на обвинителството и одбраната, ќе се утврди судбината на Додик и директорот на Службениот весник на Република Српска, Милош Лукиќ. Доколку процесот заврши истиот ден, судијката Сена Узуновиќ може веднаш да ја соопшти пресудата или најдоцна до 25 февруари.

Додик и Лукиќ се обвинети затоа што во 2023 година дозволиле објавување во Службениот весник на два закона донесени од парламентот на РС, иако тие претходно беа поништени од високиот претставник Кристијан Шмит. Со овие закони во РС се настојуваше да се забрани спроведувањето на одлуките на Уставниот суд на БиХ и на високиот претставник.

Во БиХ, непочитувањето на одлуките на високиот претставник е кривично дело за кое се предвидува затворска казна до пет години. Доколку Додик биде осуден, тоа автоматски би значело и негово разрешување од функцијата претседател на РС.

Во пресрет на пресудата, Додик синоќа одржа состанок зад затворени врати со своите најблиски соработници во Бања Лука, за да одлучат како ќе реагираат ако биде осуден. По состанокот, во медиумите беше испратено соопштение полно со закани, во кое се наведува дека пресудата против Додик би била „државен удар“.

„Народното собрание, Владата и сите институции на РС ќе донесат радикални одлуки како одговор на секоја пресуда на Судот на БиХ. Исто така, сите претставници на српскиот конститутивен народ во БиХ и сите вработени во институциите на БиХ ќе се повлечат и ќе го прекинат својот ангажман“, се вели во соопштението.

Додик и неговите соработници, меѓу кои и претседателката на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, оценија дека секоја пресуда на Судот на БиХ би претставувала правно насилство и државен удар врз БиХ и РС, а дека ентитетот нема да остане нем.

Цвијановиќ и Додик изразија надеж дека новата администрација во САД ќе има поинаков пристап и дека со поддршка од претседател Доналд Трамп ќе можат да реализираат дел од своите планови.

Како прв чекор во нивниот одговор, властите во РС најавија дека ентитетскиот парламент ќе премине во постојано заседавање за да може без прекин да носи потребни закони и одлуки.

Иако не се конкретизира кои ќе бидат тие одлуки, Додик веќе најави дека првиот чекор би можел да биде прогласување на независноста на РС.

„Ако има таква пресуда (осудителна), што и да зборуваат другите, во истиот момент ќе имаме одлука на Собранието за отцепување од БиХ и распишување референдум за независност“, изјави Додик во јануари во интервју за ентитетската телевизија РТРС.

Во поддршка на Додик застана и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој изрази надеж дека Судот на БиХ ќе донесе „мудри одлуки“ за да не дојде до дестабилизација на регионот.

Слична поддршка Додик доби и од унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој вчера во Будимпешта порача дека „политичките напади“ врз Додик треба да престанат и дека „не треба повеќе да биде казнуван“.

Додик веќе подолго време е под санкции на САД и Велика Британија, а првите мерки против него беа воведени уште во 2017 година поради загрозување на спроведувањето на Дејтонскиот договор.

Оттогаш, списокот на санкционирани лица од неговиот круг значително се зголеми, а последниот санкциониран беше неговиот министер за внатрешни работи, Синиша Карана, во јануари. Американската администрација тогаш објави дека Карана бил активно вклучен во работна група која ја формирал Додик, со цел подготовка на планови за отцепување на РС од БиХ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вчера најмалку се почитувале правилата за прописно паркирање
Следна Статија Песков: Нема да попречуваме влез на Украина во ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Денеска бојкот на пекарниците во Хрватска и четврти бојкот на продавниците

Денеска во Хрватска се одржува еднодневен бојкот на продавниците, кој овојпат на повик на средношколците опфаќа и бојкот на пекарите…

February 14, 2025
БАЛКАН

Бугарија загуби 600 милиони евра во грантови од ЕУ

Бугарската влада најави дека ќе се откаже од грантови од 600 милиони евра од ЕУ за проекти според Планот за…

March 25, 2025
БАЛКАН

Почнаа изборите во Косово, дали Албин Курти ќе ја задржи власта или ќе има изненадување

Денеска во Косово се одржуваат парламентарни избори, на кои право на глас имаат вкупно 2.075.868 граѓани. Тие можат да гласаат…

February 9, 2025
БАЛКАН

Вучиќ се сретна со синот на Трамп

Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со Доналд Трамп Јуниор, син на актуелниот американски претседател. Срдечен разговор со синот на…

March 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?