Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судот во Сараево им одреди притвор на Милорад Додик и соработниците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Судот во Сараево им одреди притвор на Милорад Додик и соработниците
БАЛКАН

Судот во Сараево им одреди притвор на Милорад Додик и соработниците

Објавено March 14, 2025 22:22
Сподели
Сподели

На предлог на Обвинителството на Босна и Херцеговина, Судот на Босна и Херцеговина во Сараево му одреди едномесечен притвор на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, премиерот на тој ентитет, Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ, потврдија од Одделот за информации на Судот на БиХ за „Ал Џазира“, без да соопштат повеќе детали.

Пред неколку дена Додик од говорницата на Народното собрание на РС изјави дека нему, на Стевандиќ и Вишковиќ им е одреден притвор.

„Станува збор за минимум 30 дена притвор, а тој рок може да се продолжи доколку е потребно. Она што можеме да го знаеме е дека тројцата осомничени ќе бидат задржани доколку бидат уапсени или се пријават во Судот на БиХ“, велат од судот за телевизијата.

Откако беа повикани да се појават пред Обвинителството на БиХ, Додик, Стевандиќ и Вишковиќ не се појавија и повеќепати изјавија дека нема да се појават пред Судот на БиХ, како осомничени за уривање на уставниот поредок. Вчера, Парламентот на Република Српска во Бања Лука го изгласа нацрт-уставот, во кој, спротивно на уредувањето на БиХ согласно Дејтонскиот договор, му се дава можност на српскиот ентитет да се отцепи и да се припои кон соседна држава.

Додик претходно беше осуден на една година затвор и шест години забрана за политичко дејствување, поради непочитување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит.

Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) соопшти дека станува збор за операција на апсење со висок ризик, додавајќи дека „поради големиот јавен интерес, како и точни информации, ве известуваме дека СИПА не одбила помош од Судската полиција на БиХ, која се однесува на извршување на наредбата на Обвинителството на БиХ“.

„Имајќи ја предвид сложеноста на ситуацијата, СИПА изврши безбедносна проценка, која беше оценета како високоризична и како таква е доставена до Судската полиција на БиХ, за дополнителни информации до надлежните институции, поточно до Обвинителството на БиХ“, велат од агенцијата.

Обвинителот на Обвинителството на БиХ, Ќазим Хасанспахиќ, утринава издаде наредба Милорад Додик, Радован Вишковиќ и Ненад Стевандиќ да се доведат на распит во Судот, при што побара и асистенција од СИПА.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопјaнец лишен од слобода се заканувал на инспектор од АХВ
Следна Статија Кошаркарите против Унгарија и Романија во Мундијалските претквалификации

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Дедо Мраз падна од трети спрат за време на панаѓур

Грозоморна сцена е снимена вечерва околу 19 часот во Крњача, Белград кога маж облечен во костим на Дедо Мраз паднал…

December 28, 2024
БАЛКАН

Бугарија лансираше сателит „Балкан1“

Успешно е лансиран првиот бугарски сателит „Балкан-1“ кој ќе пренесува податоци за програмата Коперник на Европската унија, јави БТА. Развиен…

January 15, 2025
БАЛКАН

Студент од Србија: Го одбив помилувањето на Вучиќ, сакав на суд да ја докажам мојата невиност

Студентот на Правниот факултет во Нови Сад, Михаило Младеновиќ, одбил помилување од претседателот на Србија. Тој рече дека ниту еден…

January 31, 2025
БАЛКАН

Јотова: Палењето на возилата е напад врз Бугарија

Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, го осуди палењето на двете дипломатски возила пред Амбасадата на Бугарија во Скопје, оценувајќи го…

June 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?