Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судот го прифати супервештачењето за случајот Вепоска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Судот го прифати супервештачењето за случајот Вепоска
ЗДРАВЈЕ

Судот го прифати супервештачењето за случајот Вепоска

Објавено April 14, 2025 22:01
Сподели
Сподели

Судот во Струга го прифати супервештачењето од вештите лица избрани од судско медицински одбор при Медицинскиот факултет од Скопје за случајот со родилката Јилдз Веапоска од Дебар, на која по породување со царски рез во Болницата во Струга и биле отстранети матка, јајник и бубрег. Судскиот процес против тројцата лекари гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, ќе продолжи на 16 мај со презентација на извештајот од страна на тројца вештаци.

Судечкиот судија Јордан Јованов го отфрли предлогот на адвокатот Игор Петкоски за изземање на вештите лица и изработка на ново супервештачење.

Според она што го имам примано како податок е дека се почитувани процедурите при изборот на вештите лица, имало откажување, имало прифаќање од други лица, дека тие составиле комисија зад чија одговорност стојат и тврдат дека тоа што е направено е непристрасно и професионално. Суштината на вештачењето ќе биде изнесено на наредното рочиште, појасни Јованов.

Апсолутната застареност на делото е во 2026 година, но тој очекува скора разрешница на случајот.

Ние сега ќе ги сослушаме вештите лица, понатаму останува одбраната да го даде своето произнесување и тука ќе дојдеме до разрешница на случајот, изјави Јованов.

Јавната обвинителка Ермира Муса-Нура реагираше на барањето на одбраната на еден од обвинетите за ново супервештачење со забелешка дека приговара и врти околу супервештачењето.

Судот го одби приговорот, бидеќи супервештачењето е доставено од установа онака како што предвидува Законот за кривична постапка и супервештачењето е изготвено согласно тој закон и законот за вештачење, во установа каде се вработени најмалку двајца вештаци со лиценца. Ова го предвидува законот и супер вештачењето е изготвено согласно закон, истакна Муса – Нура.

За одбраната на оштетената Веапоска, Сашо Јанев, сега почнува вистинското судење со изведување докази и распит на вештите лица.

Сега почнуваме со вистинското судење, изведување на доказите, распитот на вештите лица, потврдување на нивното знаење, умеење и се она што го нашле во супервештачењето и осудителна пресуда, рече Јанев.

Веапоска пак очекува правда, и, како што нагласи, после четири години во судот, прв пат чувствува дека ќе има правда.

Судскиот процес за случајот Веапоска каде обвинети се тројцата лекари гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, почна пред три години. Три пати почнуваше од почеток поради менување на судечките судии, а делото застарува во 2026 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ненадејни пари доаѓаат за еден хороскопски знак
Следна Статија Објавен јавен оглас за избор на кандидати за судија на Македонија во Европскиот суд за човекови права

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Андоновска: Скопје, Битола и Куманово со најголем број на заболени од грип

Според податоците на Институтот за јавно здравје, во деветата недела од 2025 година се пријавени 2 569 нови случаи на…

March 6, 2025
ЗДРАВЈЕ

Вонреден инспекциски надзор на Кардиохирургија

Инспекторите од ДСЗИ ќе влезат на Клиниката за кардиохирургија да извршат увид во медицинската документација за лекувањето на 59 годишниот…

April 12, 2025
ЗДРАВЈЕ

Три пати повеќе заболени од грип годинава во однос на лани

Според последните податоци на ИЈЗ во текот на првата недела од 2026 година имало 1.725 заболени од грип, што е…

January 8, 2026
ЗДРАВЈЕ

Расте бројот на заболени од сезонски грип

Во текот на 43. недела од 2025 година - од 20 до 26 октомври, во земјава се евидентирани 56 случаи…

October 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?