Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судот одреди куќен притвор за возачот кој го усмрти Југослав и побегна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Судот одреди куќен притвор за возачот кој го усмрти Југослав и побегна
ХРОНИКА

Судот одреди куќен притвор за возачот кој го усмрти Југослав и побегна

Објавено July 5, 2025 13:17
Сподели
Сподели

Наместо ефективен притвор, возачот на мотоциклот „Кавасаки“ кој усмрти пешак и побегна без да му укаже помош, ќе го чека епилогот од истрагата во удобноста на својот дом, дознава „Скопје1“.

Судија на претходна постапка, од Кривичниот суд, не ја уважи предлог-мерката на обвинителката која бараше ефективен притвор, односно возачот кој беше во бегство, да биде спроведен во затворот во Шутка.

Засега не се познати деталите од решението, односно, зошто судијата се решил лице кое беше во бегство, да го остави во куќен притвор. Од Обвинителството посочуваат дека жалбата за ваквата мерка е веќе дадена и се чека одлуката на Кривичниот совет. Обвинителката инсистира на мерка ефективен притвор.

Инаку, трагедијата се случи на скопскиот Кеј, на пешачка патека. Возачот на мотоциклот немал ниту дозвола. Жртвата, скопјанецот Југо (Југослав Николовски), излегол да фрли отпад, а бил усмртен под прозорецот на неговиот стан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Активни четири пожари: Гори во Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес
Следна Статија Ливерпул е институција: Ќе го исплати целиот договор на Жота

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Обвинителството: До 9:30 часот Вања била убиена, а „цитроенот“ запален

На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Обвинителството презентираше снимки што ја прикажуваат траекторијата на возилата…

February 3, 2025
ХРОНИКА

Убиле старец и го закопале во близина на неговата куќа, уапсени три лица

Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода З.Ф. (24), С.Ф. (19) и С.Ф.(44)…

April 2, 2025
ХРОНИКА

Палчо го возел „кангуто“ без полномошно, а во партијата чувал пиштол

Денеска судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски продолжи со изведување на докази од страна…

November 13, 2024
ХРОНИКА

Претепан затвореник во КПУ „Идризово“

На 04.01.2025 година во 15.33 часот во Полициската станица Гази Баба од Казнено поправната установа Идризово било пријавено дека истиот…

January 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?