Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судот определи мерки на претпазливост за Филип Андов-Сокол и за другите осомничени по акцијата во затворот во Шуто Оризари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Судот определи мерки на претпазливост за Филип Андов-Сокол и за другите осомничени по акцијата во затворот во Шуто Оризари
ХРОНИКА

Судот определи мерки на претпазливост за Филип Андов-Сокол и за другите осомничени по акцијата во затворот во Шуто Оризари

Објавено February 28, 2025 14:40
Сподели
Сподели

За ескдиректорот на затворот во Шуто Оризари, Филип Андов-Сокол, и за другите осомничени судот денес определи мерки на претпазливост по акцијата спроведена во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

Мерки на претпаливост беа определени за десет лица поврзани со акцијата.

Мерките вклучуваат забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на осомничените да се јавуваат повремено на определено службено лице во судот, привремено одземање патна или друга исправа за преминување на државната граница, забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица – осомничените во оваа постапка, како и забрана за преземање определени работни активности, а кои се поврзани со кривичното дело.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Според обвинението, петмина осуденици од затворот во Шуто Оризари незаконски биле привремено ослободувани по 8 до 10 часа, а тоа им го овзоможувал поранешниот директор Филип Андов, кој е осомничен заедно со уште девет лица во постапката на Обвинителството за гонење органзииран криминал и корупција. Тие се гонат за противзаконито ослободување лице лишено од слобода и за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.

Спроведувањето осуденици од затвор се врши единствено до суд, здравствена установа или друг орган. Но, тие доставувале молба до Андов, кој со факсимил или потпис одобрувал повремено да го напуштат затворот. Второосомничен е командирот на затворска полиција, кој изготувал наредба за нивен спровод, а понекогаш тоа го прваел и третоосомничениот затворски полицаец и личен возач на директорот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Димитриеска-Кочоска: Странските директни инвестиции во 2024 година изнесуваат 1,255 милијарди евра, највисок износ во четвртиот квартал
Следна Статија Казни од 500 до 10.000 евра, па и затворање на маркетите: Дурмиши најави контрола на над 1.000 трговски објекти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

За непостоечка операција: Лажен лекар од Штип измамил жена за 700.000 денари

Лице кое лажно се претставило како лекар измамило 77-годишна жителка на Штип за сума од 700.000 денари, соопштија од СВР…

January 8, 2026
ХРОНИКА

Пронајден мртов маж во комбе за градски превоз

Вчера во СВР Велес било пријавено дека во возило на градски превоз во Велес бил пронајден починат С.С.(60) од Велес.…

December 14, 2024
ХРОНИКА

Уапсен охриѓанец, при претрес пронајдена дрога и пари

Вчера во 17 часот во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид…

November 27, 2024
ХРОНИКА

Наместо да застане, прилепчанец ги качил полицајците на хауба

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.К.(39) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на…

November 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?