Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судскиот совет ги избра Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова за судии на Врховен суд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Судскиот совет ги избра Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова за судии на Врховен суд
МАКЕДОНИЈА

Судскиот совет ги избра Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова за судии на Врховен суд

Објавено April 30, 2025 17:25
Сподели
Сподели

Членовите на Судскиот совет денеска на седница ги избраа Зоран Димитриевски и Татјана Дуковска за кривични судии на Врховниот суд. Димитиревски и Дуковска се судии од Апелациониот суд – Скопје. На седницата беше избрана и Маја Маркова за граѓански судија на Врховниот суд, но не се изврши избор на кандидатите Јетмир Ајдини Бошњаков, Наташа Савовска Димитровска од Апелационен суд Скопје и на Рафиз Идризи од Апелационен суд Гостивар.

Како што информираше на почетокот на седницата претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, Судскиот совет објави оглас за избор на шест судии на Врховниот суд, и тоа три судии за граѓанска област и три судии за кривична област, објавен во Службен весник. Како што рече, по спроведената постапка, од страна на Комисијата при Советот, поднесен е извештај со конечна ранг листа на кандидатите.

Известителот и претседателот на Комисијата, Павлина Црвенковска рече дека листата кандидати за судии во кривичната област е составена од двајца кандидати Зоран Димитриевски и Татјана Дуковска, судии на Апелационен суд Скопје.

Членот Весна Дамева побара изземање при изборот на кривичните судии во Врховниот суд, од причина што двајцата кандидати, Зоран Димитриевски и Татјана Дуковска учествувале во предмет во кој што против правно лице, кое се јавува во својство на оштетено, нејзиниот сопруг е одговорно лице.

По однос на останатите кандидати за избор на судии, Маја Маркова, Јетмир Ајдини Бошњаков, Наташа Савовска Димитровска и Рафиз Идризи, Весна Дамева побара да се поништи огласот и итно да се распише нов оглас.

-Заради одредени околности кои што постојат, сметам дека денес не постојат услови за избор на граѓански судии. Дали во ваква ситуација денес може да се спроведе реален и објективен избор. Станува збор за унапредување на судии во највисокиот суд во државата. Јас нема да го дадам мојот глас во овој момент и во овие околности за ниту еден кандидат, бидејќи лично сметам, доколку се спроведе изборот, истиот нема да биде објективен, рече Дамева.

Претседателот на Комисијата, Павлина Црвенковска посочи оти смета дека не постојат законски пречки да се изврши избор на судиите.

-Сметам дека не постојат законски пречки за ние денеска да извршиме избор по оваа ранг листа, освен за одредени судии за кои што постојат околности, кои ние не можеме јавно да ги изразиме, но тоа не значи дека тоа е пречка да не извршиме избор, рече Црвенковска.

Претседателот на Судскиот совет, Камбовски го стави предлогот на членот Весна Дамева за поништување на огласот за избор на тројца судии на Врховен суд во граѓанската област, по што двајца членови гласаа „за“, а 10 гласаа „против“. По ова, продолжи изборот на кандидатите.

Не се изврши избор на кандидатите Јетмир Ајдини Бошњаков, Наташа Савовска Димитровска од Апелационен суд Скопје и Рафиз Идризи од Апелационен суд Гостивар. Кандидатите не добија бадентер, поради, како што наведоа дел од членовите кои гласаа „против“, недостиг на интегритет и кредибилитет.

Исто така, членовите на Судскиот совет на денешната седница ги избраа Наташа Андреева за судија на Основен суд Велес, Дерим Полиси за судија на Основен суд Струга, додека Емилија Борисавлевиќ Александровска, Јасна Ушковска, Звезда Илиеска, Елена Лукарева, Марко Кржаловски, Софче Китанова Проданов, Маја Гроздановска беа избрани за судии на Основен граѓански суд – Скопје.

Александра Адеми, Берниса Рахиќ, Ирена Јаниќ, Роберт Митевски, Билјана Тодоровска, Сулејман Сулејмановски, Сибил Сефејдинова, Фатус Јусуфи и Фитим Лога се избрани за судии на Основен кривичен суд – Скопје.

Членовите денеска со 12 гласа „за“ го избраа Мирослав Георгиевски за претседател на Основен суд Кратово.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Царина: Злато, сребро, лаптопи, велосипеди и друга стока запленети при обиди за криумчарење
Следна Статија Бектел и Енка на средба со градежни компании, разговарале за Коридорите 8 И 10Д

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ЈСП ги потсетува корисниците на студентскиот годишен билет дека е неопходно да го заверат билетот за 2026

ЈСП преку соопштение ги потсетува корисниците на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз дека неопходно е да…

December 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Рокас: Не се само Груби и Беџети, секаде треба да се испитува корупцијата

Шефот на Делегацијата на Европската унија во земјава Михалис Рокас, денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со американската црна…

December 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Николоски: Сите државни патишта се целосно исчистени

Сите државни патишта низ Македонија се целосно исчистени од снег и сообраќајот се одвива непречено на целата територија на земјата.…

January 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе има одговорност за секој што ќе се огреши пред законот без разлика од која политичка партија доаѓа

Секој оној којшто ќе се огреши пред законот и нема да работи совесно ќе има одговорност, без разлика од која…

August 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?