Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Суспензија за стадионот во Чаир, а Шкупи предаден на дисциплинска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Суспензија за стадионот во Чаир, а Шкупи предаден на дисциплинска
СПОРТ

Суспензија за стадионот во Чаир, а Шкупи предаден на дисциплинска

Објавено September 24, 2025 18:44
Сподели
Сподели

Натпреварувачката комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за суспензија на стадионот во Чаир на неодредено време, сè до носење на конечна одлука на Дисциплинската комисија.

Истовремено, против ФК Шкупи 1927 е покрената дисциплинска постапка и предметот е предаден на Дисциплинската комисија на ФФМ.

Причина за одлуката се сериозните инциденти на натпреварот од 7. коло во Прва МФЛ, меѓу ФК Шкупи и ФК Македонија ЃП, кога дел од домашната навивачка група запалија и фрлија факели на теренот и во делот каде беше сместена ТВ продукцијата на натпреварот, при што беше предизвикано сериозно оштетување на дел од опремата на Македонската телевизија (МТВ), која го реализираше директниот пренос.

И покрај реакциите на службите на ФФМ и делегатот на натпреварот до официјалните лица на ФК Шкупи за време на мечот, не беа преземени никакви мерки за спречување на дополнителна штета.

Македонската телевизија со официјален допис ја извести ФФМ дека штетата треба да биде надоместена и дека на стадионот во Чаир нема услови за непречено и професионално вршење на ТВ преноси, поради што нема да врши директни преноси од овој стадион сè додека не се создадат безбедни услови за работа.

Дополнително, дел од домашните навивачи запалија банер на гостинската навивачка група „Лавови“.

ФФМ уште еднаш апелира до сите клубови да преземат максимална одговорност и мерки за обезбедување ред и соодветни услови за работа, со цел создавање безбедна и спортска атмосфера на сите стадиони во земјата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Објавено е најновото рангирање: Која земја е најиновативна во светот?
Следна Статија Кацарска: Уставен суд одлучи да не поведе постапка за Одлуката со која Владата го намали бројот на советници во одредени општини

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

У21: Македонските фудбалери ја совладаа Ерменија

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ја забележа втората победа во квалификациите за Европското првенство 2027, совладувајќи ја попладнево Ерменија…

March 31, 2026
СПОРТ

Со овие играчи ќе бараме ново учество на СП

    Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров денес го објави поширокиот список на играчи за претстојниот бараж…

April 30, 2026
СПОРТ

Ливерпул е институција: Ќе го исплати целиот договор на Жота

Ливерпул е институција. Клубот донесе одлука  да го исплати целосно договорот на Жота  кој беше со важност до 2027 година…

July 5, 2025
СПОРТ

Спектакуларен трејд: Дончиќ ќе игра заедно со Леброн, Дејвис го засили Далас!

Шокантен трејд се случува во НБА, Лука Дончиќ оди во Лос Анџелес Лејкерс, а во спротивна насока се сели Ентони…

February 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?