Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сценариото за сеење страв е подготвено пред месец дена во Дубаи од Филипче и менторот Заев, обвини ВМРО ДПМНЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Сценариото за сеење страв е подготвено пред месец дена во Дубаи од Филипче и менторот Заев, обвини ВМРО ДПМНЕ
ПОЛИТИКА

Сценариото за сеење страв е подготвено пред месец дена во Дубаи од Филипче и менторот Заев, обвини ВМРО ДПМНЕ

Објавено June 21, 2025 10:22
Сподели
Сподели

СДС повторно се впушти во опасно сценарио за дестабилизација и сеење страв, велат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде додаваат дека секогаш кога СДС се наоѓа во тешка состојба, наместо на решавање на проблемите посегнува кон нивните, и досега испробани, планови и сценарија за предизвикување неред.

Овој пат, велат од ВМРО-ДПМНЕ, не ги поштедија ниту жителите на Кочани, кои пред само неколку месеци се соочија со една од најголемите трагедии во државата.

Насилството на советникот на Венко Филипче од Кочани, Аки Акиов кој во општинскиот Совет со стаклено шише повреди вработена во општината, е почеток на реализацијата на темното сценарио за дестабилизација и предизвикување чувство на страв. Ова сценарио за дефокус и за дестабилизација во Кочани, всушност е сценарио за спас на политичката кариера на Венко Филипче, кој има рејтинг во рамките на статистичка грешка и на кого му се заканува дебакл на следните избори. На ова опасно сценарио, секако, му асистира добро познатиот креатор на мрачни сценарија, Зоран Заев кој е и ментор на Филипче. Ова нивно последно сценарио за сеење страв е дел од план кој Филипче го правел со Заев далеку од очите на јавноста, во Дубаи. Средбата на која го подготвиле ова сценарио се случила пред месец дена, а тоа е периодот кога јавно кажувавме дека Филипче е шест дена тајно во Дубаи, каде се среќавал со Заев. Советникот Акиов е човек многу близок до Зоран Заев, тоа може да се види од јавно достапните фотографии и тој прв почна со имплементација на планот за спас на Филипче, велат од партијата.

Потсетуваат дека внесување страв и паника кај народот од локални тепачи кои се закануваат, е добро позната и веќе испробана тактика на Заев, која сега ја применува Филипче.

Дел од дословното спроведување на планот на Заев е и декларативното осудување на настанот. Филипче ако сака некој да му верува дека искрено се оградува од насилството во Кочани, јавно ќе се дистанцира и ќе побара оставка од неговиот советник. Но СДС и Венко Филипче немаат искрени намери, тие сакаа да направат хаос во Кочани, каде локалните силеџии, како нивниот општински советник, ќе го плашат народот и ќе го држат во грч и неизвесност. На граѓаните не му се потребни силеџиството, насилството и сеење страв што Филипче и СДС му ги нудат како опција. Граѓаните сакаат и заслужуваат политички претставници кои достојно ќе ги претставуваат и ќе работат во нивен интерес, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Возел 190 на место каде е дозволено 80км/час
Следна Статија (ВИДЕО) Голем пожар на хрватскиот брег: „Се браниме куќа по куќа“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски за Албанската академија: Не би сакал парите на граѓаните да се трошат за невладини организации

Од тоа што го слушам во медиумите е дека е здружение на граѓани, кое што е така наречено. Ставот на…

October 16, 2024
ПОЛИТИКА

Ердоган доаѓа во Македонија!?

Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција и еден од највлијателните политичари во регионот доаѓа во Македонија , дознава Трендинг.мк. Според…

October 9, 2024
ПОЛИТИКА

Трајанов: Предлог законот за една изборна единица ќе го доставиме во Парламентот

По најавата на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, дека е подготвен да се донесе закон, со…

May 30, 2025
ПОЛИТИКА

Ја научивме лекцијата од коалицирањето со ДУИ, вели Филипче, нема коалицирање за локалните избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа истакна дека партијата научила значајна лекција од коалицирањето со ДУИ, поради…

February 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?