Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сè повеќе тинејџери користат протеински додатоци, стручните лица предупредуваат за можните ризици
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Здрава Исхрана и Нутриција > Сè повеќе тинејџери користат протеински додатоци, стручните лица предупредуваат за можните ризици
Здрава Исхрана и Нутриција

Сè повеќе тинејџери користат протеински додатоци, стручните лица предупредуваат за можните ризици

Објавено October 17, 2025 09:00
Сподели
Сподели

Под влијание на социјалните медиуми и желбата да имаат мускулест изглед, сè повеќе тинејџери консумираат протеински шејкови и „плочки“.

Овие производи сè повеќе се претставуваат како лесен и брз начин до изградено тело. Сепак, лекарите и нутриционистите, вклучувајќи го и познатиот тренер Џо Викс, изразуваат сериозна загриженост за овој тренд, особено кога станува збор за младите луѓе, пишува The Times.

Дали протеините се навистина неопходни во форма на додатоци во исхраната?

На полиците во продавниците и онлајн продавниците се наоѓаат сè повеќе производи кои ветуваат брз раст на мускулите и подобро закрепнување после тренингот. Пакувањето е привлечно, а пораките се насочени конкретно кон тинејџерите кои често се под влијание на фитнес инфлуенсери. Но, се поставува важно прашање – дали на младите воопшто им се потребни дополнителни протеини во форма на прашоци и енергетски плочки?

Повеќето експерти се согласуваат дека не им се потребни, бидејќи тинејџерите кои спортуваат умерено можат да ги добијат сите протеини што им се потребни преку балансирана исхрана. Месото, рибата, јајцата, млечните производи и мешунките содржат доволни количини протеини, како и други важни хранливи материи како што се витамини, минерали и влакна, кои често недостасуваат во индустриските суплементи.

Можни здравствени последици

Прекумерното консумирање протеини, особено преку додатоците во исхраната, може да ги оптоварат бубрезите и црниот дроб, особено кај младите луѓе чии тела сè уште растат и се развиваат. Некои производи содржат скриени шеќери, вештачки засладувачи или други адитиви кои не се пожелни за секојдневна употреба.

Покрај физичките ризици, експертите предупредуваат и на психолошки последици. Преголемиот фокус на суплементите може да доведе до нездрав однос кон храната и телото. Во некои случаи, ова може да биде првиот чекор кон развој на нарушување во исхраната, особено кај младите луѓе кои веќе се борат со несигурности и притисоци од околината.

Вистинската сила доаѓа од квалитетната исхрана

Експертите ги повикуваат родителите и тинејџерите да се информираат за вистинските потреби на младиот организам. Наместо да се потпираат на скапи, а понекогаш и непотребни додатоци, акцентот треба да биде на разновидна и хранливо богата исхрана. Таа не само што поддржува здрав раст и развој, туку е и најдобра основа за успех во спортот и секојдневниот живот

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Словенија воведе задолжителен божиќен бонус за вработените во јавниот и во приватниот сектор од 639 евра
Следна Статија Митески: Лисиче ќе добие топлификација, ветување што станува реалност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Здрава Исхрана и Нутриција

Прекумерното консумирање протеини може да биде штетно за некои здравствени состојби

Поради изобилството совети за внесување повеќе протеини, вклучувајќи додатоци во исхраната како што се протеинските шејкови, многу производители сè повеќе…

September 17, 2025
Здрава Исхрана и Нутриција

Ова е најздравиот јаткаст плод

Диететичарите со кои разговараа од „Health.com“, се согласија дека бадемите се најздравиот јаткаст плод што можете да го јадете. Диететичарите…

June 23, 2026
Здрава Исхрана и Нутриција

Дали чварките ќе бидат луксуз оваа зима? Цената во регионот достигна 30 евра за килограм

Чварките  се неопходен дел од гастрономската понуда во регионот. Подготовката започнува со топење на свинска маст, а завршува со крцкави…

September 27, 2025
Здрава Исхрана и Нутриција

Кои се петте најопасни адитиви, што може да ви го скратат животот

Одредени состојки присутни во ултра-преработената храна сè повеќе се поврзуваат со сериозни здравствени проблеми. Ултра-преработената храна (UPF), која сочинува повеќе…

September 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?