Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сè уште не е познато кога ќе стартува авиолинијата Скопје-Дубаи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Сè уште не е познато кога ќе стартува авиолинијата Скопје-Дубаи
ЕКОНОМИЈА

Сè уште не е познато кога ќе стартува авиолинијата Скопје-Дубаи

Објавено April 28, 2025 11:03
Сподели
Сподели

Сè уште не е познато кога точно ќе профункционира летот Скопје-Дубаи, иако првично требаше да стартува на 30 март годинава.

-Од самиот почеток работиме на развој на авионските линии. Добивме зелено светло, но чекаме на финалната одлука на авиокомпаниајта. Како аеродром сме подготвени и само чекаме зелено светло од авиокомпанијата што ќе лета. Со олеснувањето на визниот режим со ОАЕ ќе можеме наскоро да стоиме овде и да го објавиме летот за Дубаи, информираа денеска од ТАВ Македонија.

На почетокот на месецот, компанијата „ФлајДубаи“ доставила барање до Министерството за транспорт и врски за пролонгирање на линијата која беше дел од субвенционираните летови избрани на првиот повик на Владата.

На првиот повик на Владата за субвенционирање на авиолинии во октомври 2024 беа избрани шест авиолинии на „Визер“, „Туркиш ерлајнс“ и „Флајдубаи“. „Визер“ ќе добие владина помош за летовите од Скопје до Барселона и Лион кои треба да стартуваат од мај 2025 и до Штутгарт од октомври 2025. „Туркиш ерлајнс“ од 27 март почна со летови меѓу Истанбул и Охрид четири пати неделно.

Обединетите Арапски Емирати ги укинуваат визите за македонските граѓани. Ваква вест сподели премиерот Христијан Мицкоски. Според него, ова се должи, пред се, на неговата последна посета на Емиратите.

-Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон оваа земја! Наскоро со конкретната примена на одлуката за безвизното патување ќе се влијае на посилна економија, слободно патување, зајакнување на меѓусебното партнерство. Се бориме на секој можен начин да се помогне на нашите граѓани, и со секој ден да се носат промени за заедничката иднина, порача Мицкоски.

Минатата недела беше објавено и дека се преговара за дополнителна авиолинија од Абу Даби до Охрид.

-Дали тоа ќе биде „Емирејтс“ или „Ер Арабија“, се преговара и се разговара, изјави Мицкоски од собраниската говорница. Вели дека би бил среќен доколку до крајот на годината, се објави уште една дестинација и тоа да биде од Охрид. Смета дека ќе биде додадена вредност за туризмот во градот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нови трагични детали за смртта на Џин Хекман откриени со најновата обдукција
Следна Статија Арачиново: Ги викнале да разговараат за 7.000 евра долг па извадиле пиштоли и почнале да ги пукаат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски најави деветта авиолинија, очекува и рекорден број странски инвестиции

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска најави деветта авиолинија во земјава. Како што рече на меѓународната конференција за…

January 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

УЈП со информација за обработката на МПИН пресметките, започна постапка на обнова на јавниот клуч

Управата за јавни приходи започна постапка на обнова на јавниот клуч, кој се користи во постапката на декриптирање на МПИН…

May 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Минималната плата ќе се зголеми, најверојатно за 1800 денари

Минималната плата треба да се зголеми овој месец, но за колку, се уште не е познато. Согласно законот, зголемувањето би…

March 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра

Девизните резерви на крајот на октомври годинава изнесувале 4.975,6 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за…

November 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?