Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тага во Италија по смртта на папата: Одложени сите натпревари во Серија А
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Тага во Италија по смртта на папата: Одложени сите натпревари во Серија А
СПОРТ

Тага во Италија по смртта на папата: Одложени сите натпревари во Серија А

Објавено April 21, 2025 12:09
Сподели
Сподели

По веста за смртта на папата Франциско, кој почина во утринските часови на 21 април 2025 година, италијанската фудбалска лига Серија А донесе одлука да ги одложи сите денешни натпревари, вклучително и натпреварите на Примавера 1, поради почит кон починатиот поглавар на Католичката црква, Хорхе Бергољо.

Одлуката се однесува на 33-то коло во Серија А, кое е одложено до понатамошно известување. Од Здружението велат дека овој потег го следи примерот од 2005 година, кога по смртта на папата Јован Павле Втори, исто така имаше прекин на спортските настани низ Италија.

Да потсетиме дека тогашниот претседател на Италијанскиот олимписки комитет (КОНИ), Џовани Петручи, нареди суспензија на сите спортски натпреварувања, вклучително и натпреварите во Серија А, веднаш по објавувањето на веста за смртта на папата.

Голема е веројатноста овојпат сите натпревари да бидат презакажани, согласно календарот за натпреварување и обврските на клубовите.

Натпревари кои во моментов се одложени:

  • Торино – Удинезе
  • Каљари – Фиорентина
  • Џенова – Лацио
  • Парма – Јувентус

Се очекува Лигата во наредните денови да објави нови термини за овие натпревари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гаши: Останувам во коалицијата „Влен“
Следна Статија Кина ги предупредува другите земји да не склучуваат трговски договори со САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Вардар го освои ракометниот Куп на Македонија

Екипата на Вардар 1961 го совлада Еурофарм Пелистер со 31-27 (17-14) во финалето на ракометниот Куп на Македонија, што се…

June 1, 2025
СПОРТ

Прва победа за Македонија, совладана е Грузија

Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија ја постигна првата победа на Европското првенство Б дивизија што се игра во Ерменија. Во…

July 13, 2025
СПОРТ

Ќе се одмаздат ли вечерва Англичаните? Марадона „божјата рака“ ја даде облечен во обична маица!

Постарите сигурно ќе се сетат на Светското првенство во 1986 година во Мексико кога играа Аргентина и Англија на популарната„Атстека“.…

July 15, 2026
СПОРТ

Македонија ги дозна ривалите за пласман на Светското првенство во 2026

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги доби ривалите во квалификациската група за пласман на Светското првенство 2026 година кое ќе се…

December 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?