Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таравари: Ако на јавноста не и се допаѓа и има пропусти ќе го поништиме тендерот за паркингот на Клинички центар, 50 денари за час е пристојна цена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Таравари: Ако на јавноста не и се допаѓа и има пропусти ќе го поништиме тендерот за паркингот на Клинички центар, 50 денари за час е пристојна цена
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Ако на јавноста не и се допаѓа и има пропусти ќе го поништиме тендерот за паркингот на Клинички центар, 50 денари за час е пристојна цена

Објавено March 7, 2025 12:17
Сподели
Сподели

Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека договорот со компанијата „Ѓока констракшн“ која преку јавно-приватно партнерство треба да стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар Мајка Тереза ќе биде потпишан доколку по првичната помината процедура помине уште неколку филтри. Подготвен е и да го поништи тендерот, како што вели, доколку на јавноста не и се допаѓа понудата и има укажувања од Владата за пропусти. Информира дека понудената цена за паркирање е 50 денари за час, што според него, е пристојна.  

– Не е потпишан. Паркингот на Клиничкиот центар секогаш прави многу нервоза. Ако за понудата, еве слушам, секогаш многу ми значи јавноста што ќе каже, ако ми кажат дека нешто не е во ред, пуштено е и во Влада, ако и таму ми кажат дека има одредени пропусти, нема да имаме ништо. Ќе го поништиме, ќе објавиме нов, но само ќе изгубиме една година, рече Таравари, на новинарско прашање при посетата на Клиниката за инфективни болести.

Според Таравари, рокот за стопанисување со паркингот не е 20 години, како што е предвидено со физибилити студијата. Во тендерот,  како што соопшти, има услов за  понудувачот да го користи паркингот додека на таа локација е Клиничкиот центар и тоа нема да биде повеќе од седум до 10 години. 

– Според физибилити студијата е предвидено да биде 20 години, но во меѓувреме имаме одука дека паркингот може да се користи додека Клиничкиот центар е тука. Јас лично сметам дека Клиничкиот центар нема да биде тука повеќе од седум до 10 години. Сме ставиле како услов, додека е тука Клиничкот центар, тоа може да бидат пет, шест, седум осум, девет, 10 години, но мислам дека тоа нема да биде повеќе од седум до 10 години, затоа интересот на компаниите беше многу мал, да беше 20 сигурно ќе се јавеа. Од проектната единица ме известија дека процедурата е помината и има одредени филтри што треба да поминат во Владата. Ако поминат ок, ако не поминат пак ќе го објавиме, рече Таравари. 

Имајќи  во предвид како се движат цените за паркинг, посочи министерот,  мислам дека понудената цена не е лоша. Најдобро е да биде нула денари, но ако најдете таков понудувач што ќе обезбеди плус 600 денари и нема да наплаќа ништо би било идеално.

– Не се согласувам, имате понуда, имаше акуција, тоа  е цената што е дадена. Но, не е некоја цена што е многу висока. Во Скопје има места со 100, 150 денари за паркинг, така што мислам дека 50 денари е пристојна  и не е некоја многу висока цена, рече Таравари, прашан дали се согласува со зголемувањето на цената на паркингот.

Рокот за изградба на мотажните катни гаражи доколку биде потпишан договорот, како што рече, најверојатно е шест месеци до една година.

Владата на седница на 20 август минатата година донесе одука да се градат монтажни катни гаражи на Клинички центар со јавно-приватно партнерство и  формираше Комисија за спроведување на постапката.  Со паркингот на Клиничкиот центар моментно стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕЦБ ги намали каматите, промените стапуваат на сила на 12 март
Следна Статија Палевски: Не ме плаши доживотната робија, ниту влијае на мене – пресудата е нарачана и веќе донесена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Не постои збор да се искаже болката: Објавени се имињата на жртвите од дискотеката „Пулс“

Министерството за здравство штотуку ги соопшти имињата на загинатите во трагедијата што во неделата се случи во Кочани во дискотеката…

March 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонците не губат сон поради изгубените пари на УСАИД

Македонците не губат сон поради изгубените долари од програмите на УСАИД, а всушност, некои и искрено слават што програмите се…

February 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кај 70 до 80% од објектите воочени огромни неправилности

Кај 70-80 отсто од угостителските објекти имало огромни неправилности. Владата крои акциски план за да прогласи мораториум за да се…

March 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија засега нема да ја признае Палестина, Муцунски не сака да носи избрзани одлуки

Македонија, која е помеѓу малцинството на земји, кои не ја признале Палестина, засега нема да го прави тоа. Според министерот…

September 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?