Таравари: Алијанса за Албанците оди во опозиција

- Advertisement -

Лидерот на крилото на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари, вечерва објави дека највисоките раководни органи вечерва донеле одлука партијата да излезе од владината коалиција ВРЕДИ и ВМРО – ДПМНЕ.

„Се враќаме меѓу граѓаните, на локалните избори во октомври ќе имаме многу подобар резултат“, рече Таравари.

Тој истакна дека незадоволството кај албанскиот електорат е големо посебно поради Балансерот и европскиот пат.

Сподели ја оваа статија