Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таравари бара од споменикот за Вејце да се тргне натписот „албански терористи“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Таравари бара од споменикот за Вејце да се тргне натписот „албански терористи“
ПОЛИТИКА

Таравари бара од споменикот за Вејце да се тргне натписот „албански терористи“

Објавено April 30, 2026 11:11
Сподели
Сподели

Откако пратеникот од Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари порача дека УЧК и нејзините борци не се терористи и бара веднаш да се смени таблата пред спомен-обележјето на баталјонот за специјални сили во касарната „Илинден“, поставена во спомен на загинатите специјалци и полицајци во масакрот кај Вејце во 2001 година, слично барање дојде и од самиот Таравари.

„Кога министер на мултиетничка држава, а не приватно лице, положува цвеќе и оддава почит на спомен-плоча каде што јасно е видлив терминот „албански терористи“, тој со тоа ги навредува своите сограѓани идентификувајќи ја етничката припадност како криминална карактеристика. Ова, според кој било меѓународен стандард, е шовинистички и дискриминаторски јазик што мора да биде санкциониран“, порача Таравари.

„Паднати во војна против албанските терористи“ е реченицата што им пречи на Таравари и Снопче.

Тараари побара министерот за одбрана да даде јавни објаснувања и да интервенира врз основа на овластувањата што ги има за да го промени овој, како што вели, говор на омраза на таа плоча што стои во касарната „Илинден“. Според лидерот на АА, со терминот „албански терористи“, како што вели тој, се навредуваат Албанците и Охридскиот договор, потенцирајќи дека борците на УЧК биле борци за слобода, а не како што ги опишува плочата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вака говореше гемиџијата Павел Шатев
Следна Статија Зголемениот сет за прва помош за во возилата во Грција е одложен за догодина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ДУИ продолжува со заканите за политичките тензии околу законот за јазиците

Демократската унија за интеграција не можејќи да се помири што по повеќе од 20 години отиде во опозиција, продолжува со…

March 9, 2025
ПОЛИТИКА

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета

„Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед.Не постои никаква дилема…

February 25, 2026
ПОЛИТИКА

СДСМ пак не дојде на координација за Изборниот законик

 - Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, за МИА потврди дека е одложена координативна средба на опозициските партии во Собранието што беше…

July 13, 2026
ПОЛИТИКА

Фрчковски го обвини Пендаровски дека сака да го сруши Филипче

Професорот Љубомир Фрчковски го обвини Стево Пендаровски, поранешен шеф на државата, дека „мешетари внатре во СДСМ“. Фрчкоски ова го кажа…

November 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?