Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таравари: Првите критични 72 часа ги минавме без нови смртни случаи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Таравари: Првите критични 72 часа ги минавме без нови смртни случаи
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Првите критични 72 часа ги минавме без нови смртни случаи

Објавено March 19, 2025 10:42
Сподели
Сподели

Министерот за здравство Арбен Таравари информира дека денеска е последниот транспорт на пациенти кои ќе се лакуваат во странство, од трагедијата во Кочани. Како што посочи, во 11:30 часот за Шведска денеска ќе бидат пренесени двајца пациенти, а после пладне уште тројца пациенти. Тој напомена дека може да се очекува во текот на следните денови и враќање на одредени пациенти кои се лекуваат надвор од државата.

-Последниот транспорт на пациенти е денеска. Веќе нема да има лекување на пациенти надвор од државата, дури може да чекаме некои и да се враќаат во следните денови. Денеска има само за Шведска, и тука завршуваме. Веќе нема потреба за друигте пациенти да се лекуваат надвор од државата, рече Таравари на денешната прес-конференција.

Како што додаде, добрата вест е што поминаа 72 часа и нема починати. Сите пациенти се во стабилна состојба.

-Добрата вест е што поминаа 72 часа и нема ниту еден починат од тие што ја преживеаа трагедијата во Кочани. Вкупно, се третираат 178 пациенти низ различни здравствени установи, од кои што 64 се во болниците во Македонија во државните болници, и 13 пациенти се во приватните болници. Сите се во релативно стабилна состојба, додаде министерот.

Тој напомена дека во моментот, 101 пациент се третираат надвор од државата и тие се во релативно стабилна состојба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Андреј и Сара од ДНК ќе бидат погребани утре во Скопје
Следна Статија Таткото на Вања до Велибор Манев: Зошто ми го убивте детето?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Силјановска-Давкова: Убаво е да знаете дека стоите на чело на Армија, којашто е почитувана, компатибилна со останатите, иако е мала

Многу пати сум рекла дека мирот и нашата безбедност, во најголем степен зависат од нашите вооружени сили. Убаво е да…

January 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Република Македонија и на Обединетото Кралство, со кој земјава добива на располагање историски…

May 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Олаф Шолц: Разговаравме за потребата да се вреднуваат нашите напори кон патот на ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со канцеларoт на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц. -Разговаравме за економијата, политичките случувања, за потребата…

October 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска Давкова со честитки до Трамп

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска упати честитки до Доналд Трамп за неговиот избор за претседател на САД. -Срдечни честитки по…

November 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?