Таравари утре ќе поднесе оставка

- Advertisement -

Министерот за здравство Арбен Таравари за ТВ 24 вели дека тој ќе ја поднсесе оставката утре. Очекува за останатите негови функционери да има разрешување. Тврди дека и двајцата заменици, но и вицепремиерот Арбен Фетаи ќе го следат.

За разлика од Таравари, висок функционер од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Фетаи останува во Владата. Фетаи и денеска како и вчера ја повтори изјавата која ја даде за ТВ 24, дека уште е рано за одлука.

Таравари претходно рече дека се враќаат кај граѓаните и дека ќе бидат опозиција. Рече дека има незадоволство околу балансерот и Законот за јазици.

Сподели ја оваа статија