Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тасевски од М- НАВ доби кривична: Платени денови наместо за синдикални активности ги искористил за одмор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Тасевски од М- НАВ доби кривична: Платени денови наместо за синдикални активности ги искористил за одмор
ЕКОНОМИЈА

Тасевски од М- НАВ доби кривична: Платени денови наместо за синдикални активности ги искористил за одмор

Објавено March 27, 2026 07:30
Сподели
Сподели

Судот повторно го оцени како незаконски штрајкот на Синдикатот на контролори на летање (ССКЛ) што требаше да се одржи во октомври лани, а е поднесена и кривична пријава против претседателот на синдикатот Александар Тасевски за злоупотреба на службената должност, соопшти на денешната прес-конференција правниот застапник на Македонска навигација (М-НАВ), адвокатот Горан Николовски.

– Штрајкот е забранет поради три основи, односно барањето за штрајк не содржи никакви синдикални барања, односно барања за заштита на правата од работен однос, не е спроведена задолжителна постапка за помирување и последната констатација на судот е дека ССКЛ, како подружница, нема правен легитимитет самостојно да организира и да спроведува штрајкови -рече Николовски.

Тој информира дека поради најавите за нови штрајкови, М-НАВ поведе и посебна судска постапка со која бара утврдување дека ССКЛ генерално нема право самостојно да настапува и да организира вакви активности.

Ова барање, како што посочи адвокатот, се заснова на Законот за работни односи и на Статутот на Независниот синдикат за сообраќај и врски.

Во однос на кривичната пријава против претседателот на Независниот синдикат за сообраќај и врски и претседател на ССКЛ, Александар Тасевски, Николовски нагласи дека таа е поднесена до Основното јавно обвинителство Скопје поради злоупотреба на позицијата за остварување лични цели.

– Ја злоупотребил својата позиција и дал известување и барање за користење платени денови од работа, со најава дека ќе користи денови за синдикални активности и синдикални состаноци, а господинот заминал на приватна посета на Кипар заедно со својата љубовна партнерка – посочи Николовски.

Тој, рече дека информацијата за приватното патување на Тасевски, е добиена од медиумите.

– Заминал на приватна посета со својата љубовна партнерка. Неговата посета таму е констатирана од страна на новинар. И така е пренесена информацијата – појасни Николовски.

Нагласувајќи ја стратешката важност на институцијата која ја гарантира безбедноста на авиосообраќајот, адвокатот подвлече дека М-НАВ е должна да презема дејствија за заштита на својот капитал и на интересите на државата секогаш кога има основани информации, додека конечната одлука за иницирање кривична постапка ја носи исклучиво Јавното обвинителство.

На прес-конференцијата беше соопштено и дека е утврден идентитетот на вработено лице во М-НАВ кое открило деловни тајни кои подоцна биле објавени на порталот „Буревесник“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бура ја парализираше Хрватска
Следна Статија Путин: Последиците од војната во Иран би можеле да бидат како последици од пандемија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Средба на гувернерот Славески со ММФ: Народната банка е професионална, независна и кредибилна институција којашто придонесува за стабилноста

Претставниците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја истакнаа улогата на Народната банка како професионална, независна и кредибилна институција, којашто со…

June 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

ФОТО: Со ајвар и уникатни разгледници пречекан првиот лет на easyJet од аеродромот Орли во Париз

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, утрово, втори април 2025 година, во 8 часот и 35 минути, на Меѓународниот Аеродром…

April 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Гевгелија добива своја шопинг оаза – Гевгелија Мол

Во Гевгелија денеска ќе биде отворен најголемиот шопинг - центар на југот од земјава. Гевгелија Мол, на површина од 10.000…

December 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Становите во првиот квартал поскапеле за 19,4 проценти на годишно ниво

Цените на становите во првиот квартал годинава се зголемиле за 7,2 проценти на квартално ниво, а за 19,4 проценти на…

April 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?