Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Татко го удирал десетгодишното дете со тупаници, шамари и клоци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Татко го удирал десетгодишното дете со тупаници, шамари и клоци
ХРОНИКА

Татко го удирал десетгодишното дете со тупаници, шамари и клоци

Објавено March 26, 2026 15:29
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против 45-годишен охриѓанец, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 24 март во семејниот дом во Охрид, физички го нападнал и телесно го повредил неговиот 10-годишен син. Детето го удирал со тупаници, шамари и клоци по целото тело, а во еден момент го фатил за коса и така го подигнал од подот.

Исто така, тој во континуитет подолг период упатувал сериозни закани по живот со што ја загрозил сигурноста на неговата сопруга.

Ваквото семејно насилство осомничениот го вршел иако имал активно изречени судски мерки за заштита од семејно насилство, со кои му било забрането физички и психички да ја малтретира сопругата и двете малолетни деца.

Изречените судски забрани тој не ги почитувал, а поради очигледната намера да ги повторува дејствијата на семејно насилство, како и поради ризикот од бегство, јавниот обвинител му предложи на Судот да му определи мерка притвор.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Норт ататик“…. Жерновски не знае што значи скратеницата НАТО (ВИДЕО)
Следна Статија Колку е добро да се биде Албанец… пееја навивачи во Полска и веднаш се уапсени (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Лажеле дека имале психички нарушувања – Криминалци наместо во затвор се сместиле во „Демир Хисар“

Наместо да лекува лица со тешки психички нарушувања, Психијатриската болница „Демир Хисар“ сѐ повеќе се претвора во установа што се…

June 26, 2026
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Казнет возачот кој со „ауди“ возеше по тротоар на Бит Пазар!

Полицијата денеска го пронашла, извршила службен разговор и го санкционирала возачот кој на 28-ми овој месец возел со автомобил по…

March 31, 2025
ХРОНИКА

Возач загина на патот Кочани-Виница

На 16.12.2025 во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки…

December 17, 2025
ХРОНИКА

Двајца македонски државјани повредени во сообраќајка во Албанија, со мотор удриле во заштитен ѕид

Двајца македонски државјани, кои со мотоцикл се движеле по автопатот „Патот на Арбр“ во Албанија, се здобиле со тешки телесни…

June 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?