Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Татко и син од Богданци одгледувале марихуана во специјално опремен шатор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Татко и син од Богданци одгледувале марихуана во специјално опремен шатор
ХРОНИКА

Татко и син од Богданци одгледувале марихуана во специјално опремен шатор

Објавено December 21, 2025 13:32
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, татко и син од гевгелиското село Богородица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При претрес со судска наредба во домот на осомничениот татко на 17 декември, како што информираат од Обвинителство, биле откриени околу 150 грама марихуана во разни пакувања, семки од канабис, метални и пластични грендери, две дигитални ваги, три бонга, како и шатор со електрична инсталација, светилки, ламби и мерачи на температура кои служеле за претходно производство на наркотична дрога-марихуана.

-Осомничениот син, пак, посредувал во купопродажбата на марихуаната. Дрогата која ја зел од неговиот татко со намера да ја препродаде, ја однел во куќата на дедо му каде престојувал. Кога полициските службеници отишле и таму да вршат претрес, тој ја заклучил влезната врата, наркотичната дрога ја фрлил во ВЦ шолјата и пуштил вода, а се обидел да се ослободи и од дигитална вага со остатоци од дрога, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничените ќе се дадат во бегство или дека ќе ја попречуваат кривичната постапка со влијание врз сведоците на кривичното дело јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Гевгелија доставил предлог за определување мерка куќен притвор, како и дополнителна мерка на претпазливост – привремено одземање на патните исправи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денеска календарски ни започнува зимата
Следна Статија Сиљановска-Давкова: Да продолжиме да бидеме пример за заедништво во различноста и да се гордееме со нашата заедничка татковина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Ин мемориам: Почина Проф. д-р Трајан Бендевски

Правниот факултет „Јустинјан Први“- Скопје соопшти дека почина Проф. д-р Трајан Бендевски, редовен професор во пензија на Правниот факултет „Јустинијан…

November 10, 2025
ХРОНИКА

Битолчанка измамила 64-годишник за 22 500 евра – Ветувала вработување на синот во МВР

СВР Битола до Основното јавно oбвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Л.(43) од Битола поради постоење основи на сомнение дека…

July 2, 2025
ХРОНИКА

Се огласи мајката Зорица: Вања не е само број на жртва, Вања беше живот, со очи, со глас, со планови

Ниту еден родител не смее да го доживее тоа што јас го доживеав. Да го испрати детето во училиште и…

June 11, 2025
ХРОНИКА

Пензионер од Скопје, кој беше исчезнат, пронајден во Аеродром

Седумдесет и деветгодишен маж од Скопје, кој претходно беше пријавен за исчезнат, е пронајден синоќа. Од МВР информираат дека пензионерот…

July 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?