Марко Мартиновиќ од Подгорица, за кого црногорските медиуми тврдат дека бил телохранител на убиениот водач на Шкаљарскиот клан, Јован Вукотиќ, е уапсен доцна синоќа поради грабеж во златарница во центарот на Подгорица.
Златарницата „Микел“ во Подгорица била ограбена во петокот попладне. Потоа две лица ги испрскале работниците во златарницата со спреј со бибер и украле голема количина злато. Од Полициската управа на Црна Гора е потврдено дека поранешниот телохранител на Вукотиќ е осомничен за помагање во грабеж.
Црногорските медиуми претходно пишуваа дека Мартиновиќ е човек од доверба на браќата Вукотиќ, покојниот Јован и неговиот брат Игор Вукотиќ, кој се смета за нов водач на кланот и кој е во бегство бидејќи по него е распишана потерница.