Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Технологијата на Цукерберг пристигнува на првата линија на фронтот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Технологијата на Цукерберг пристигнува на првата линија на фронтот
Blog

Технологијата на Цукерберг пристигнува на првата линија на фронтот

Објавено June 1, 2025 09:27
Сподели
Сподели

Технолошкиот гигант Мета се подготвува да изгради напредни уреди за потребите на американската војска, во рамки на заеднички проект со одбранбената компанија Anduril Industries, основана од Палмер Лаки – пионер во развојот на технологија за виртуелна реалност и познат поддржувач на американскиот претседател Доналд Трамп. Проектот, според „Wall Street Journal“, е наречен EagleEye, а вредноста на договорот се проценува на околу 100 милиони долари, иако тој сè уште не е официјално доделен.

Оваа соработка е дел од многу поголем договор на американската армија вреден 22 милијарди долари, чија цел е развој на напредни носливи системи. Главен носител на проектот е токму Anduril, а Мета, со своето искуство во проширена и виртуелна реалност, ќе обезбеди технолошка поддршка.

Според достапните информации, EagleEye ќе вклучува паметни шлемови, очила и други уреди опремени со AR/VR технологии и напредни сензори за подобрување на видот и слухот на војниците. Извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, изјави дека оваа технологија ќе придонесе за „заштита на интересите и дома и во странство“.

Во пракса, овие уреди би можеле да се користат за рано откривање на беспилотни летала на километарски растојанија, идентификација на скриени цели, како и за интеракција со автономни оружени системи кои користат вештачка интелигенција. Основата на овие уреди ќе биде AI софтверот на Мета и автономната технологија на Андурил.

Иако проектот веќе предизвикува реакции поради својата потенцијална дистописка примена, Лаки во изјава за медиумите вели дека верува оти соработката со армијата е нужност. „Успеав да ги убедам не само Мета, туку и многу други компании дека соработката со војската е важна“, рече тој.

Палмер Лаки последниве години се етаблира како значаен играч во одбранбениот сектор, обезбедувајќи договори вредни 6 милијарди долари ширум светот. Во неодамнешно интервју за CBS News, изјави:

„Секогаш сум велел – треба да престанеме да бидеме светска полиција и да станеме светска продавница за оружје“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Топол бран од Африка во Македонија
Следна Статија Вечното дерби Вардар – Еурофарм Пелистер финале на 32. Куп на Македонија во ракомет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Познатата компанија планира до крајот на годината да вработи 10.000 луѓе

Германскиот гигант Луфтханза објави дека планира да вработи околу 10.000 нови работници ширум светот до крајот на годината, значително помалку…

January 8, 2025
Blog

Германците направија ново чоколадо: Нема какао

Компанијата Kaufland, во рамките на својот приватен бренд K-Classic, го претстави првото чоколадо без какао. Производите се создадени со ChoViva,…

May 22, 2025
Blog

Американски милијардер изнесе депресивни предвидувања за царините на Трамп: „Загрижен сум за нешто полошо од рецесија“

Реј Далио, основач на Бриџвотер, една од најпознатите компании за управување со инвестиции и најголем хеџ фонд, рече дека е…

April 14, 2025
Blog

Попладнево повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја

Попладнево од 18 часот по грчко време (17 часот по македонско) граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја, ќе…

December 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?