Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Градско – тројца повредени, дете во критична состојба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Градско – тројца повредени, дете во критична состојба
ХРОНИКА

Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Градско – тројца повредени, дете во критична состојба

Објавено July 13, 2025 23:04
Сподели
Сподели

Три лица, меѓу кои 11-годишно дете, се повредени во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случила на експресниот пат Прилеп-Градско, кога автомобил излетал од патот.

Според наводите на Јавното обвинителство, сообраќајката се случила кога автомобил марка „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки во остра кривина налево изгубил контрола и излетал од патот преку претходно оштетен дел од заштитната ограда, паѓајќи околу 40 метри надолу во населено место.

Тешко повредени се возачот на автомобилот и 11-годишно дете кое е во критична состојба. Поради сериозноста на повредите тие се пренесени на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. На третиот сопатник во автомобилот, кој е полесно повреден, укажана му е лекарска помош во болницата во Велес.

„Јавниот обвинител издаде наредби за технички преглед на автомобилот, како и за проверка на присуство на алкохол кај возачот. Од лице место се подигнати и биолошки и други траги заради натамошно постапување“,информираат од Обвинителството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пожар во скопско Злокуќани – се запали куќа, во огнот се зафатени уште три
Следна Статија Синер е новиот шампион на Вимблдон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Палевски: Криминален ум би ја убил мајката, а не Вања

Љупчо Палевски откако негираше вина за убиствата на Вања и Панче, денеска во својот исказ тврди дека е обвинет со…

April 23, 2025
ХРОНИКА

Адвокатот на семејството на Фросина: Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната

Сите сме свесни дека обвинетиот Васил Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната, изјави адвокатот на…

May 9, 2025
ХРОНИКА

Почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување, на 42-годишна возраст почина новинарот Ѓорѓи Томиќ. Томиќ беше познат по својата посветеност на новинарството, особено во…

January 31, 2025
ХРОНИКА

За пет лица се бара притвор, за останатите само мерки-Местеле тендери, купувале Мерцедеси и си префрлале пари во банка

За пет лица опфатени во вчерашната акција за сомнителни набавки на мазут се бара притвор, а за едно од нив…

March 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?