Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Градско – тројца повредени, дете во критична состојба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Градско – тројца повредени, дете во критична состојба
ХРОНИКА

Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Градско – тројца повредени, дете во критична состојба

Објавено July 13, 2025 23:04
Сподели
Сподели

Три лица, меѓу кои 11-годишно дете, се повредени во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случила на експресниот пат Прилеп-Градско, кога автомобил излетал од патот.

Според наводите на Јавното обвинителство, сообраќајката се случила кога автомобил марка „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки во остра кривина налево изгубил контрола и излетал од патот преку претходно оштетен дел од заштитната ограда, паѓајќи околу 40 метри надолу во населено место.

Тешко повредени се возачот на автомобилот и 11-годишно дете кое е во критична состојба. Поради сериозноста на повредите тие се пренесени на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. На третиот сопатник во автомобилот, кој е полесно повреден, укажана му е лекарска помош во болницата во Велес.

„Јавниот обвинител издаде наредби за технички преглед на автомобилот, како и за проверка на присуство на алкохол кај возачот. Од лице место се подигнати и биолошки и други траги заради натамошно постапување“,информираат од Обвинителството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пожар во скопско Злокуќани – се запали куќа, во огнот се зафатени уште три
Следна Статија Синер е новиот шампион на Вимблдон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(ВИДЕО) Нов пожар го труе Скопје: Пламна депонијата кај Арачиново – ДЗС вели дека пожарот е подметнат

Синоќа е подметнат пожар во депонијата близу Арачиново покрај стариот пат кон Куманово, информира Дирекцијата за заштита и спасување. Од…

September 26, 2025
ХРОНИКА

Скопјанка пронајдена почината во својот дом

На 17.05.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје, З.К.(41) од Скопје пријави дека околу 10:30 часот во стан на подрачјето…

May 18, 2026
ХРОНИКА

Со лопата и нож нападнал полицајци

На 01.05.2026 во 19:00 часот, во кичевското село Челопеци, лишен од слобода е Ѓ.Р.(48) од истото село по претходна пријава…

May 2, 2026
ХРОНИКА

Откриени и одземени над 4 килограми кокаин од групата на Штекли

Упорноста и професионализмот се клучни за успешната истражна работа. Во координација со Јавен обвинител, продолживме со активностите против криминалната група…

February 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?