Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тешко повредена жена во Автокоманда, маж ја удрил во главата со гајба полна со стаклени шишиња
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Тешко повредена жена во Автокоманда, маж ја удрил во главата со гајба полна со стаклени шишиња
ХРОНИКА

Тешко повредена жена во Автокоманда, маж ја удрил во главата со гајба полна со стаклени шишиња

Објавено August 25, 2025 10:31
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда.

Делото го сторил вршејќи насилство врз жена со која имале претходни лични недоразбирања. На 23 август попладне оштетената отишла да се види со осомничениот пред угостителски објект во населбата Автокоманда. Тој најпрво започнал грубо да ја навредува, а потоа зел пластична гајба полна со стаклени шишиња, замавнал со неа и ја удрил по главата.

Жената започнала обилно да крвари и зашеметена успеала да повика полиција, по што со брза помош била пренесена во болница, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Имајќи го предвид начинот на сторување на кривичното дело, а со цел да се заштити жртвата од можноста за ново загрозување на нејзината безбедност, здравје и живот, јавниот обвинител побара на осомничениот да му бидат определени повеќе мерки на претпазливост: забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетената, привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница и обврска да се јавува повремено на определено службено лице.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Со влез на третиот мобилен оператор очекувам подобар квалитет, пониски цени и конкуренција на пазарот
Следна Статија Истражување: Ковид-пандемијата му наштети на здравјето на мозокот, дури и кај незаразени луѓе

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Приведено момче кое прегази тригодишно девојче на велосипед во Визбегово

Пронајден и приведен e 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти…

June 20, 2026
ХРОНИКА

Седумгодишно девојче почина во тетовската болница

Почина девојче на седум години кое било на болничко лекување во Клиничката болница Тетово, информираат денес од тетовската јавна здравствена…

September 22, 2025
ХРОНИКА

ОЈО Куманово ги чека извештаите од извршените контроли за случајот со починатиот кумановец

Основното јавно обвинителство Куманово ги чека извештаите од извршените контроли од официјалните институции за случајот со починатиот млад кумановец Велат…

March 21, 2025
ХРОНИКА

Починатата кавадарчанка пронајдена од нејзината ќерка ја убил партнерот со гушење

На 30.01.2025 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.П.(42) од Кавадарци. Тој се сомничи дека…

January 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?