Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тим на лекари ќе се грижат за повредените пациенти во центарот за рехабилитација Пониква
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тим на лекари ќе се грижат за повредените пациенти во центарот за рехабилитација Пониква
МАКЕДОНИЈА

Тим на лекари ќе се грижат за повредените пациенти во центарот за рехабилитација Пониква

Објавено June 11, 2025 10:34
Сподели
Сподели

Одморалиштето Пониква станува рехабилитациски центар за сите повредени граѓани од трагедијата во Кочани. Тим на лекари ќе се грижат и ќе обезбедат здравствена нега и ќе им пружат психолошка поддршка на пациентите.

Владата на вчерашната седница донела одлука и го задолжила Министерството за внатрешни работи да го стави одморалиштето Пониква, кое има 27 соби и 56 легна на располагање на Министерството за здравство за лекување на пациентите кои имаат потреба од дополнителна медицинска услуга во период од 10 јуни до 20 август.

Доколку медицинските тимови и здравствени работници одлучат дека е потребно продолжување на временскиот период за лекување и рехабилитација на пациентите, како што денеска соопштија од владината прес-служба, Владата ќе ја продолжи одлуката.

– Нашата обврска како Влада е да понудиме и да обезбедиме целосна здравствена заштита. Пациентите нема да платат ниту денар, се е на трошок на Министерството за внатрешни работи и Владата кои ќе обезбедат сместување и оброк на пациентите, како и оброк за медицинскиот кадар. Приоритет се и ќе останат граѓаните, се наведува во соопштението.

Од Владата посочуваат дека нивната политика е да работат одговорно и посветено, а не, како што стои во соопштението, да влегуваме во дневно политичките обвинувања со одредени опозициски партии кои за жал од трагедијата сакаат да соберат некој поен.

– Од првиот ден кажавме дека фокусот ни се граѓаните, нивните потреби и нивните барања. Продолжуваме да ја менуваме Македонија. Државата е на патот на промените, се вели во соопштението од Владата. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Утре продолжуваат завршните зборови на Обвинителството за убиствата на Вања и Панче
Следна Статија САД и Кина се согласија за „деескалација“ на трговските тензии

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Митрополит г. Петар: Денес се роди оној што ја носи љубовта и мирот

Денес се роди оној кој ја носи љубовта во својата суштина, и мирот во своето битие, се роди Христос нашиот…

January 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Колегите со поддршка за проф. д-р Кузмановски: Секогаш се однесувал со највисока стручност, одговорност и етичка посветеност

Колегите од Клиниката за неврологија преку писмо изразуваат поддршка на проф. д-р Игор Кузмановски како одговор на неодамна објавениот компромитирачки…

October 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани

Во близина на струмичко Костурино и дојранското село Црничани постоеле неолитски населби стари осум милениуми. Ова го потврдија и геомагнетните…

December 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост

За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар…

June 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?