Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ТИРЗ: Турската компанија Џагатај Кабло ќе инвестира 6 милиони евра во проширување на производството со изградба на нов објект
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ТИРЗ: Турската компанија Џагатај Кабло ќе инвестира 6 милиони евра во проширување на производството со изградба на нов објект
ЕКОНОМИЈА

ТИРЗ: Турската компанија Џагатај Кабло ќе инвестира 6 милиони евра во проширување на производството со изградба на нов објект

Објавено May 8, 2025 13:17
Сподели
Сподели

Турската компанија Џагатај Кабло, која веќе подолго време работи во рамките на ТИРЗ Скопје 1, ќе инвестира 6 милиони евра во проширување на своето производство со изградба на нов објект од околу 10 000 квадрати, што ќе донесе нови 200 вработувања, соопштија денеска од Дирекцијата за ТИРЗ.

Оваа нова фабрика која ќе биде двојно поголема од постоечката, освен што ќе отвори нови работни места, се додава во соопштението, истата ќе донесе и нови технологии, што всушност се должи на подобрениот пристап од страна на новата влада.

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски денеска во Истанбул ја посетил компанијата и остварил средба со Ахмет Шемшетин Короглу, претседател на одборот. Toj посочил дека оваа инвестиција, што беше најавена во јули минатата година, е доказ за довербата на странските инвеститори во стабилната економска клима и поддршката што ја нуди државата. Димовски истакнал дека како институција во соработка со Владата, Дирекцијата за ТИРЗ ќе продолжи и понатаму со активна и транспарентна поддршка на сите странски инвеститори.

Од страна на менаџментот била изразена благодарност за поддршката од Дирекцијата, како еден од клучните фактори за проширувањето на оваа инвестиција која ќе донесе додадена вредност во националната економија.

– По најавеното проширување во јули минатата година, оваа втора фаза на инвестирање од страна на Џагатај Кабло значи многу поголема доверба во владата и системот, кој според нив работи многу добро, се подвлекува во соопштението од Дирекцијата за ТИРЗ.

Инаку, Џагатај Кабло произведува жици и кабли за автомобилската индустрија. Тие ги снабдуваат водечките производители на автобуси, трактори, градежни машини, камиони, комерцијални возила, климатизери, машини за чистење и специјални аеродромски возила.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Медицинска опрема од 18,6 милиони евра неискористена: нема кадар, нема услови, нема делови
Следна Статија СДСМ: Документите потврдуваат голем скандал во Куманово, Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Интензиво работиме на реконструкцијата на Пресека во должина од 11 километри

Интензивно работиме на рехабилитација на превојот Пресека и очекувам до месец февруари целиот патен правец да биде завршен и да…

December 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Стратешкото партнерство носи бенефит за граѓаните-модернизација на железницата од Коридорот 10 и проекти во здравството

Првата причина е стратешка и политичка. Колку повеќе стратешки договори и вакви партнерства имаме со големи и значајни светски фактори,…

May 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Берзата достигна досега невиден врв – Dow Jones премина 50.000 поени

Dow Jones Industrial Average заврши на историски рекорд од 50.115,67 поени во петок, со пораст од над 1.200 поени за…

February 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Нови авиолинии од македонските аеродроми, годината ќе ја завршиме со двоцифрен раст на бројот на патници

Македонските аеродроми добија 16 нови дестинации во изминатата година, а наскоро се очекува објава на уште повеќе авиолинии, најави потпретседателот…

August 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?