Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Томовски: Досега околу 700 службени возила обележани, да се почитува дадениот рок
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Томовски: Досега околу 700 службени возила обележани, да се почитува дадениот рок
МАКЕДОНИЈА

Томовски: Досега околу 700 службени возила обележани, да се почитува дадениот рок

Објавено September 20, 2025 20:26
Сподели
Сподели

Заклучно со вчера, до 16 часот, имаме околу 700 возила кои веќе се брендирани, обележани. Очекувам до последниот рок, 29 септември, дека сите возила ќе бидат обележани. Имаме соработка со сите институции и задоволен сум од динамиката, изјави вечерва директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) Ивица Томовски.

Во гостувањето на Сител Телевизија рече дека целта е сите службени возила и возила во сопственост на државата да бидат брендирани, односно да ги заменат регистарските таблички на службените возила со нови, специјални таблички во боја. Томовски појасни дека возилата што се спомнуваат во јавноста, или околу 7 500, голем дел од нив се вон употреба и најверојатно, како што рече, ќе бидат расходовани. Ги повика институциите да пристапат кон рационализација на возила и да се сведе на минимум нивната употреба, онолку колку што е им потребно на институциите за непречено функционирање.

– Сите оние 7 500 возила кои ги спомнуваме, туку припаѓаат и возилата од Министерството за внатрешни работи, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Агенцијата за национална безбедност, амбулантните возила, протипожарните возила, се она што значи државна сопстевност. Она што можеби би и било потребно на државата не би требало да брои повеќе од 2000 возила за да можеме понатаму непречено да функционираме. Тука влегуваат и оние инспекциски служби, како УЈП, Управата за финансиска полиција…, рече Томовски. Потенцира дека оние што ќе се обидат да избегнат промена на таблиците до 29 септември, тоа нема да можат да го избегнат кога ќе дојде редовна регистрација и ги повика да ја почитуваат препораката на Владата и дадениот рок.

Томовски информира дека почнале формирање работна група меѓу МВР и СОЗР, најави дека ќе се пристапи кон промена на регулативата за да се види дали во рамки на пропишаните закони може да се направи нешто во казнувањето, во делот на злоупотреба. Очекува тоа да се заврши до крајот на годинава и до тогаш МВР, како што рече, презема одговорност да го направи регистарот на возила, каде ќе бидат и службените возила и сите возила во државата.

Директорот на СОЗР очекува до 29 септември дека сите општини ќе пристапат кон промена на таблиците и потсети дека на нивната веб-страница има јасни инструкции. Информира дека се разговора во рамки на нивната служба, заедно со МВР, на сите возила да им се инсталира Џи-пи-ес (GPS) за да се спречат злоупотребите на возилата.

Тој информира дека како служба и стојат на располагање на Антикорупциската комисија и оти досега доставиле во зададениот рок колку службени возила има и кои ги имаат на располагање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Четири хороскопски знаци кои ретко се смеат
Следна Статија Стапува во сила новата такса за работна виза за САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Новоизбраниот народен правобранител ќе ја враќа довербата на институцијата

Враќање на довербата во институцијата народен правобранител, соработка и кадровска екипираност ќе бидат во фокусот на новоизбраниот народен правобранител Фатон…

January 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Инвестиција од 21 милион евра за набавка на 5 нови електрични локомотиви

Во Владата денеска е потпишан договор за заем со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) за обнова на возен…

December 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Верските училишта ќе влезат во државниот образовен систем

Владата на вчерашната седница го усвоила текстот на законот за средно образование на верските заедници. Тоа ќе овозможи богословското училиште…

July 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судскиот совет го разреши судијата Енвер Беџети кој беше ставен на црната листа на САД

удскиот совет вчера го разрешил апелациониот судија Енвер Беџети, кој од декември 2024 година е ставен на црната листа на…

May 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?