Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Томовски: Правиме голем исчекор, ќе се набават 100 амбулантни возила
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Томовски: Правиме голем исчекор, ќе се набават 100 амбулантни возила
МАКЕДОНИЈА

Томовски: Правиме голем исчекор, ќе се набават 100 амбулантни возила

Објавено September 21, 2025 17:27
Сподели
Сподели

Ивица Томовски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на телевизија Сител во „Тема на денот“ истакна дека од продажбата на службените возила кои се вон употреба ќе се набават 100 амбулантни возила и тоа 80 во 2026 година додека останатите 20 во 2027 година, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

„Од продажбата на овие возила коишто ќе ги расходоваме проценето е дека почетната цена би била некаде околу 1 милион и 600 илјади денари, тие средства одат во буџетот на државата, после тоа од тој буџет на државата ќе одлучуваме што понатака. На последната седница на Влада помина одлука со којашто се задолжи Министерството за здравство да набави 100 амбулантни возила во текот на наредната година, со одложено плаќање на пет години. 80 возила ќе бидат набавени во 2026 година останатите 20 возила ќе бидат набавени во 2027 година, правиме некаков исчекор, ги расходоваме овие возила, и почнуваме со набавка на амбулантни возила а сум убеден дека истото ќе се пристапи и кон противпожарни возила“, рече Томовски.

Во врска со обвинувањата на СДС и нивната кампања Томовски додаде:

„Во врска со СДС и ДУИ живеат уште во минатиот век, никако да излезат од онаа нивна матрица, има подметнување на пожари, обвинувања разноразни за некакви набавки, очекувам дека ќе продолжат со таква кампања бидејќи немаат конкретна понуда кон граѓаните и би им дал совет доколку сакаат да им се доближат на граѓаните, доколку сакаат да ја добијат поддршката од граѓаните треба да пристапат кон решавање и понуда на конкретни решенија за одредени проблеми во општеството. Ние ќе водиме позитивна кампања, кампања на проекти, не очекувам ништо поразлично“, дециден е Томовски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски очекува намалување на инфлацијата во наредните месеци
Следна Статија Уапсени двајца турски државјани, предизвикале пожар во Горно Нерези

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Молк од државата за барањата за отстранување на новиот хотел на Горица, реагира „Фронт 21/42“

Законите не важат во Охридскиот Регион. Прекршувајќи го и Законот за постапување по претставките и предлозите, по претставката со која…

June 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија со пад од шест места на Индексот за слобода на медиумите

Македонија бележи пад од 6 места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година на Репортери без граници (РБГ). За разлика…

May 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

СКОПЈЕ-ГЕВГЕЛИЈА-СКОПЈЕ: Од денеска е вратена уште една железничка линија

Од денеска е вратена уште една железничка линија, Скопје – Гевгелија – Скопје.  Со новиот возен ред, кој е со…

December 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност

Mинистерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување…

January 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?