Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: „Безбеден град“ директно придонесе да се намали бројот на повредени лица, наскоро информација и за казните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: „Безбеден град“ директно придонесе да се намали бројот на повредени лица, наскоро информација и за казните
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: „Безбеден град“ директно придонесе да се намали бројот на повредени лица, наскоро информација и за казните

Објавено December 26, 2025 14:50
Сподели
Сподели

Сакам уште еднаш да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на македонските граѓани, затоа што со смирувањето на сообраќајот во Скопје директно придонесоа да се намали бројот на повредени лица кои се згрижувани во Центарот за трауматологија, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски говорејќи за резултатите од проектот „Безбеден град“ на промоцијата на 120 нови полициски возила.

Тошковски нагласи дека почитувањето на правилата значително се подобрило од почетокот на проектот, „Безбеден град“ што се одразило со драстично намалување на опомените и конкретно намалување на бројот на повредени лица.

Министерот објасни зошто системот информира на брзина од 50 км/ч, а не на 57 км/ч.

-Целта ни е да управуваме во рамки на дозволената брзина. На брзина од 30 км/ч – од 10 повредени лица гинат две, на брзина од 50 км/ч – од 10 повредени лица гинат осум, според светска статистика. Затоа повторно напоменувам, доколку ги почитуваме законите, спасуваме животи, истакна Тошковски.

Тој најави дека системот наскоро ќе биде адаптиран и јавноста ќе биде информирана за почетокот на казнувањето за прекршоците.

-За брзо време ќе ја известиме јавноста кога ќе започнеме со информација за казните, исклучиво за прекршоците кои ќе бидат предмет на санкционирање, додаде министерот.

Тошковски информираше дека возилата кои денеска беа промовирани нема да бидат користени во проектот „Безбеден град“.

-Овие возила засега не се планирани да бидат користени во рамки на детектирање на сообраќајни прекршоци од страна на паметниот систем за детектирање на сообраќајни прекршоци. За тоа имаме други возила коишто особено ќе треба да бидат насочени кон констатирање на сообраќаен прекршок, погрешно запирање и паркирање, појасни тој

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пановски со апел: Лажни се видеата – не купујте производ што наводно јас го рекламирам!
Следна Статија Мицкоски за „Усје“: Владата ќе ги разгледа заклучоците на Советот, па ќе постапи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопје маршира за женски права: „Нека јадат ружи!“

Со извикување во еден глас „Жени, живот, слобода“ пред Универзалната сала во Скопје започна Маршот за женски права организиран од…

March 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Рокас: Нема влез во ЕУ без право на глас

Процесот на пристапување во ЕУ е дефиниран во договорите на Европската Унија. Всушност, не постои такво нешто кое би предвидувало…

February 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

Професорката Алексиќ направи „чиста споредба“ меѓу Скопје и Белград

Татјана Алексиќ, професорка по македонски јазик и литература во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“, секогаш е гласна за општествените проблеми. Така…

September 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Втор ден блокиран регионалниот пат Прилеп-Крушево

Жителите на пелагонискиот регион втор ден го блокираа регионалниот пат Прилеп-Крушево, во знак на протест поради најавите дека ќе почне…

May 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?