Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: „Безбеден град“ има за цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: „Безбеден град“ има за цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: „Безбеден град“ има за цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди

Објавено January 25, 2026 12:29
Сподели
Сподели

Овој систем го развиваме со единствена цел за зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди, повредите и загубените човечки животи, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Фејсбук објава, информирајќи дека денеска бил на терен, на локација, каде што се спроведува финалната верификација на камерите за автоматска детекција на сообраќајни прекршоци како дел од проектот „Безбеден град“.

Тој нагласи дека во оваа фаза се врши проверка на точноста на мерењето на брзината, при што утврдените отстапувања се минимални и значително под законски дозволената толеранција, што гарантира сигурност и доверливост на системот.

Во првата фаза, додава Тошковски, камерите ќе бидат ставени во функција на локации со зголемен ризик, а во текот на годината системот постепено ќе се проширува на целата територија на државата. Паралелно, вели министерот, ќе бидат активирани и возила на МВР опремени со мобилни камери, особено на т.н. црни точки.

-Овој систем не гледа кој сте, туку што сте направиле. Тој не познава имиња, функции или позиции туку евидентира исклучиво прекршок. Законот важи еднакво за сите и само на тој начин ќе постигнеме поголема сообраќајна дисциплина и повеќе спасени човечки животи, нагласи Тошковски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста на граѓаните
Следна Статија Повеќе од 60 отсто од Германците го доживуваат Трамп како закана за Германија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Вредноста на нашите мировници никогаш не била повидлива

Со видеоконференциска врска која ги премости километрите меѓу татковината и меѓународните мисии, денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, традиционално…

December 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бившите обвинители Јанева, Стефанова и Рустеми, но и Боки 13 вмешани во нов скандал, рекетирале бизнисмен

Поранешните обвинители на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, се наводно вмешани во нов скандал со…

September 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пандов: Стапката на ресоцијализација на затворениците е релативно мала

Стапката на ресоцијализација на затворениците е релативно мала, вели директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, посочувајќи дека кадарот…

September 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црна листа на САД

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулациите објавени на одредени портали за наводна…

October 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?