Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски во посета на израелската компанија Elbit Systems, средба и со првиот човек на израелската полиција, Рафаел Енгел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски во посета на израелската компанија Elbit Systems, средба и со првиот човек на израелската полиција, Рафаел Енгел
МАКЕДОНИЈА

Тошковски во посета на израелската компанија Elbit Systems, средба и со првиот човек на израелската полиција, Рафаел Енгел

Објавено March 7, 2025 10:14
Сподели
Сподели

На покана на израелската компанија Elbit Systems, која е наш долгогодишен партнер во унапредувањето на техничките системи и безбедносните капацитети на Министерството за внатрешни работи, особено во рамки на проектот „Безбеден град“, деновиве престојувам во Израел, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на неговиот фејсбук профил.

Оваа посета, напиша тој, претставува значајна можност за размена на искуства и запознавање со најновите технолошки решенија што ги развива Elbit за справување со модерните безбедносни предизвици. Посебен фокус бил ставен на иновациите во заштитата на границите, урбаната безбедност и борбата против тероризмот, како и можностите за интеграција на напредни технологии во безбедносниот систем на нашата земја.

Дополнително, го посетив Полицискиот контролен центар во Тел Авив, каде што се запознав со функционирањето на нивниот интегриран безбедносен систем. Центарот користи напредни алатки и автоматизирани процеси за брза реакција на безбедносни инциденти, што е одличен пример за ефикасно управување со јавната безбедност и превенција на криминалот, наппиша Тошковски.

Во рамки на посетата, министерот Тошковски остварил средба и со првиот човек на израелската полиција, Рафаел Енгел, генерален директор во израелското Министерство за национална безбедност, со кого разговарал за зајакнување на соработката во областа на безбедноста и размената на добри практики во борбата против тероризмот и организираниот криминал. Тошковски изразил искрено сочувство за жртвите од терористичкиот напад на 7 октомври 2023 година, како и поддршка во сите напори за враќање на заложниците кои сè уште не се вратени во своите домови.

На средбата беше истакнато дека Македонија и Израел се две пријателски земји со заедничка посветеност на безбедноста и стабилноста, кои преку размена на знаење, искуства и технолошки решенија можат уште повеќе да ги унапредат своите безбедносни капацитети. Справувањето со терористичките закани и јакнењето на меѓународната соработка беа меѓу клучните теми на разговор, со акцент на потребата за превентивни стратегии и современи технолошки решенија кои обезбедуваат брза и ефикасна реакција во заштитата на граѓаните, објави министерот за вантрешни работи на ФБ и додаде дека оваа посета претставува уште еден чекор кон зајакнување на партнерството меѓу Македонија и Израел во доменот на безбедноста, како и доказ за нашата заложба за модернизација на безбедносните структури преку соработка со светски лидери во оваа област. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Телескопот „Џејмс Веб“ откри мистериозен објект кој лебди во меѓуѕвездениот простор
Следна Статија (Видео) Масивен руски напад врз Украина, одекнуваат експлозии, има повредени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски

Пратеничката Сања Лукаревска од СДСМ денеска во Собранието го праша премиерот Христијан Мицкоски за загадувањето, но и зошто заедно со…

November 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Снег во Струга

Студениот бран што денеска ја зафати Македонија со снег го покри брегот на Охридското Езеро. Попладнево интензивни снежни врнежи имаше…

April 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ја продолжува посетата на САД, се сретна со првиот човек на Атланскиот совет

Премиерот Христијан Мицкоски ја продолжува посетата на САД. Тој вчера имаше средба со Фредерик Кемпе, претседател и извршен директор на Атланскиот…

February 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се чуствувам како „мајстор којшто поправа расипани работи“, вели Ангелов

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов изјави дека очекува ДЗС и Центарот за управување со кризи…

June 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?