Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски ги осуди ксенофобичните скандирања на кошаркарскиот натпревар во Куманово и најави процесни дејствија од страна на МВР
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски ги осуди ксенофобичните скандирања на кошаркарскиот натпревар во Куманово и најави процесни дејствија од страна на МВР
МАКЕДОНИЈА

Тошковски ги осуди ксенофобичните скандирања на кошаркарскиот натпревар во Куманово и најави процесни дејствија од страна на МВР

Објавено August 4, 2025 20:27
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ги осудува ксенофобичните скандирања на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија што се одржа во саботата вечер во Куманово.

Во гостување на „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, тој вечерва нагласи дека Министерството за внатрешни работи веќе постапува по насока на јавен обвинител и како што рече во текот на наредните денови ќе следат процесни дејствија.

– Би сакал најостро да ги осудам таквите провокации и говор на омраза и злоупотреба на спортски настан. Постапуваме по насока на јавен обвинител и во текот на наредните денови ќе следат процесни дејствија кои што се во надлежност на Министерството. Ваков тип на говор на омраза не треба да биде предмет на политичка злоупотреба како што беше во текот на вчерашниот ден, рече Тошковски.

Според него, Министерството за внатрешни работи многупати досега има покажано дека постапува еднакво кон оние кои сквернават и употребуваат говор на омраза.

– Министерството многупати досега под мое раководство покажа дека постапува под еднакво кон оние кои сквернават и употребуваат говор на омраза. Би сакал да ги истакнам настаните кои што беа со палењето на македонско знаме, палење на албанско знаме, сквернавење на спрски симболи на спрскиот конзулат во Куманово. Постапивме спрема сите на еднаков начин, ги лишивме од слобода сите кои беа затекнати во рамки на сторување на кривичното дело кое што е поврзано со поттикнување на говор на омраза и кое што е поврзано со поттикнување на меѓунационална нетрпеливост. Покажавме дека МВР може да биде институција која што силно и еднакво ќе одговори во секој еден случај спрема сите оние сторил кои што сакаат да ги злоупотребат правата во нашето општество, рече Тошковски.

Вели жална е политичката злоупотреба од страна на лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, којшто настанот во Куманово го поврзува со претстојните локални избори и повикува на излезност кај албанското гласачко тело нагласувајќи дека Албанците биле потиснувани откако ДУИ е во опозиција.

– Жално е политичката злоупотреба на еден ваков немил настан од страна на претседател на политичка партија која што 20 години беше на власт … Се надевам дека од ден на ден се помалку македонските граѓани без оглед дали се Македонци, Албанци, Турци и тн. гледаат дека можело поинаку, гледаат дека државата можела да ги стави во функција институциите, за разлика од порано кога не гледаа. Така што, се надевам дека се помалку граѓани ќе потпаѓаат на ваков тип политички злоупотреби на конкретни настани, кои што апсолутно треба да се осудат и треба да бидат историја, а не иднина, рече Тошковски.

СВР Куманово денеска информираше дека биле повикани неколку осомничени лица со кои бил извршен службен разговор, откако во текот на вчерашниот ден од страна на Основното јавно обвинителство Куманово биле издадени повеќе наредби и насоки за испитување на елементи на кривично дело при скандирањето од засега непознати лица. Од ОЈО Куманово вчера соопштија дека било издадена наредба и за обезбедување на снимките од видеонадзор со цел идентификација на евентуални сторители

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Овие три хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа за време на сезоната на лавот
Следна Статија Најчестите знаци на анксиозност кај децата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во ауди криел 50 килограми марихуана

Полициски службеници од ОВР Демир Хисар при СВР Битола вчера во близина на село Сладуево, демирхисарско, го лишија од слобода…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски упати честитка по повод Први мај, празникот на трудот. -Денес им оддаваме почит на сите…

May 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од денеска почнува грејната сезона

Од денеска почнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје што ќе трае до…

October 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта утре во Скопје

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта утре ќе престојува во еднодневна посета на Скопје, каде ќе оствари средба со премиерот…

May 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?