Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски за донацијата од САД за бомбашкиот оддел на МВР: Стратешкото партнерство ја зајакнува безбедноста на државата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски за донацијата од САД за бомбашкиот оддел на МВР: Стратешкото партнерство ја зајакнува безбедноста на државата
МАКЕДОНИЈА

Тошковски за донацијата од САД за бомбашкиот оддел на МВР: Стратешкото партнерство ја зајакнува безбедноста на државата

Објавено February 18, 2026 18:06
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на министерството присуствуваше на предавање на опрема обезбедена во соработка со Американската амбасада во Македонија и програмата АТА. Се работи за донација за опрема за потребите на Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи во Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.

Денес покажуваме дека нашето стратешко партнерство со САД е на одлично ниво. Упатувам огромна благодарност на целиот тим на американската амбасада во Македонија. Нивната лична заложба креира додадена вредност да ја обезбедиме оваа значајна опрема која е донирана од страна на американската држава. Имаме опрема којашто е донирана на единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства или „бомбашката единица“, којшто е клучна за Македонија во рамки на професионалното делување на МВР. Се работи за најсовремена опрема во вредност околу милион евра и сите припадници на единицата веќе имаат поминато соодветна обука исто така организирана од страна на амбасадата. Со ваков тип на опрема се штити човечкиот живот и на граѓаните и на професионалците во МВР“, потенцираше министерот Тошковски.

Конкретно се работи за високософистицирана опрема, во вредност од околу еден милион евра, како роботи за справување со импровизирани направи, неексплодирани минско експлозивни и други убојни средства, бомбашки одела, телескопски манипулативни раце, детектори на експлозивни средства, фибер оптички камери, рендген апарати за откривање на експлозивни средства, специјализирано возило за пренос на опремата и обуки на припадниците на Едницата за откривање и демонтирање на екслпзивни средства и направи, за користење на опремата преку програмата АТА.

Вршителот на должност амбасадор на САД во Македонија, Никол Варнс потенцираше дека оваа донација ја претставува заедничката посветеност кон засилување на капацитетите на министерството за одговор на вакви видови закани, заштита на заедницата и животите на граѓаните.

Заедничката посветеност на министерството и амбасадата е пресудна во успехот на нашите две земји и се радувам и на идната соработка. Припадниците на Одделот за минско експлозивни средства во нивната работа се исправени пред неверојатен ризик. Тие се движат кон опасноста, за останатите да бидеме безбедни. Ги заслужуваат најквалитетните алатки и опрема, да ги извршуваат своите обврски безбедно и ефективно. Ова возило и опрема ќе го зголемат нивниот капацитет да ги детектираат, проценат и неутрализираат заканите од експлозиии, со поголема брзина, прецизност и координација. Денешната поддршка го потенцира нашиот заеднички интерес за безбедност и стабилност. Кога капацитетите на Република Македонија се засилени, кога заканите се идентификувани и соодветно и брзо адресирани, придобивките се и за двете нации. Силното билатерално партнерство како нашето е клучно да обезбеди безбедност и да се справи со предизвиците, пред тие да ескалираат. Тоа го прават партнерите од доверба.“, потенцираше вршителот на должност амбасадор Варнс.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Панчевски поднесе кривична пријава против членови на Советот на јавни обвинители
Следна Статија Состојбата во ЈСП Скопје е алармантна, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Криминалистичка полиција влезе во ЈП „Дрисла“ за утврдување евентуално учество од внатре во подметнување на пожарот

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во моментов вршат службени разговори со вработени во ЈП „Дрисла“ за да утврдат…

September 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЗОО Скопје: Ламата која угина боледуваше од туберкулоза, за неа нема лек и не постои вакцина

Скопската Зоолошка градина информира дека една лама, и покрај сите напори за лекување и терапија во соработка со Факултетот за…

April 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Eрдоган доаѓа во Македонија

Во разговорите со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, дефиниравме оваа пролет да се одржи прв состанок, на кој тој…

March 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Кристофер Хил: Европа го сака Балканот, не ги сака балканските проблеми

Поранешниот американски амбасадор Кристопфер Хил кој денеска зборуваше на панелот Leading in the Hot Seat: Decisions That Shape Economies на…

May 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?