Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: За трагедијата во Кочани се постапува по над 50 осомничени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: За трагедијата во Кочани се постапува по над 50 осомничени
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: За трагедијата во Кочани се постапува по над 50 осомничени

Објавено April 14, 2025 14:51
Сподели
Сподели

За трагедијата во Кочани моментно се постапува по над 50 осомничени. Истрагата не е завршена, се уште трае, а обвинителите покажаа дека навистина можело да се работи и поинаку во Македонија, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тошковски е дециден дека против секој еден за кој има докази е поднесена пријава од страна на МВР, како и дека ќе биде соодветно процесуиран секој за кој ќе се најде доказ дека е причинско-последично поврзан со предметниот кривично-правен настан од аспект на исполнување елементи на конкретно кривично дело.

Според него, и МВР не е поштедено од истрагата која го опфаќа периодот од 2012 година до денес.

-Моментно сме во фаза на истрага, истрагата ја води јавниот обвинител. Вчера имавме детално информирање во рамки на факти и околности кои можеа да бидат споделени со јавноста. Истрагата не е завршена. Ние не можеме Обвинителството и МВР да ги претвориме во „преки суд“ зашто некои политички недобронамерници сакаат на гневот на македонскиот народ кој самите го предизвикале уште толку повеќе да го искористат во насока на крадење, манипулирање и стекнување со политички поени. Тоа нема никогаш да го дозволам како министер. Јас работам во интерес на граѓаните и до сега од сработеното на јавните обвинители гледам посветеност, гледам како 11 обвинители се фокусирани на целосно расчистување на овој случај, заедно со истражителските тимови на МВР, нешто што во минатото било незамислива именка, истакна Тошковски, одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето на Денот на Царината.

Тој подвлече дека никој нема да биде толериран.

-Не само во минатото, туку и сега ќе се постапи. Гледате, првпат во Македонија има факти кои за разлика од претходно говорат сами по себе дека ова МВР поинаку работи од претходно. Кажете ми друг пример кога МВР „ин флагранти“ фатило врховен судија или постапувало против активно обезбедување на највисоки функционери во државата или активен министер на моментална Влада по насоки, координација и по наредна на ЈО. Амнезија имаше во минатото кога за несреќи во кои загинаа 75 луѓе МВР не поднесе ниту една кривична пријава против ниту едно осомничено лице. Амнестија тогаш имаше, сега не можам да се согласам дека има зашто МВР има поднесено во континуитет три кривични пријави ако не и четири и се постапува моментално по над 50 осомничени. Не може да се компарираме дури ни со вакви случаи во далеку поразвиени земји од аспект на тоа колку далеку е отидена истрагата. Им честитам на обвинителите кои покажаа дека навистина можело да се работи и поинаку во Македонија. Истрагата се води од Јавното обвинителство, МВР ги поднесе кривичните пријави кои до моментите на преземање дејствија сметаше дека треба да бидат поднесени. Против секој еден за кој има докази е пооднесена пријава од страна на МВР, рече Тошковски.

Тој оцени дека СДСМ, ДУИ и Левица со обвинувањата кои ги шират се обидуваат да ја манипулираат јавноста.

Во однос на изминатата една година, Тошковски е согласен дека имало непостапувања и во МВР поради што, напомена, има одговорност и затоа досега, заклучно со вчера, е поднесена кривична пријава против седум полициски службеници.

-Можеби во текот на наредниот период ќе има и други полициски службеници кои ќе бидат предмет на почнување истрага, нагласи министерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Осомничениот амбасадор Кучи се врати во Mакедонија: Се бараат мерки за претпазливост
Следна Статија Директорот на Царина се пофали: Годинава наплатени 13,6 милиони евра повеќе од лани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Тешко се докажуваат случаите со купени дипломи

Тоа е една многу сериозна ситуација, кога низ целата држава се зборува дека на одредени универзитети или факултети, без оглед…

January 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

УСАИД дале грант од пет милиони долари на Фондацијата отворено општество за финансирање на протестите на „шарените“: Истражувачот Мајк Бенц за злоупотребите во Македонија

Мајк Бенц, поранешен американски дипломат кој изминативе месеци е водечки истражувач и коментатор на големиот скандал со злоупотребите на програмите…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сите основни училишта ќе добијат примерок од македонскиот Правопис

 По иницијатива на претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во соработка со НУБ ,,Св. Климент Охридски” – Скопје, почнува акција за…

April 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Еве колку е загаден воздухот во Скопје

Твитер профилот Fich of Brayan покажа колку е навистина загаден воздухот во Скопје. Од она што може да се забележи…

November 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?