Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Има собрано огромен број докази и потенцијални сведоци за трагедијата во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Има собрано огромен број докази и потенцијални сведоци за трагедијата во Кочани
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Има собрано огромен број докази и потенцијални сведоци за трагедијата во Кочани

Објавено April 11, 2025 08:32
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски верува дека за разумно време јавноста ќе биде сведок на целосно разоткривање на случајот со трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која животот го загубија 61 лице, а околу 200 беа повредени. 

Тошковски очекува дека Обвинителството во разумен рок ќе поднесе обвинителен акт. 

– Според последните информации 11 обвинители се вклучени во случајот. Има собрано огромен број докази, има и потенцијални сведоци, над 250-300 луѓе кои можеби ќе бидат сослушани. Со овој случај мора да покажеме дека државата има капацитети да одговори соодветно, рече Тошковски во интервју за телевизија „Алфа“.

Вели дека има разлика како се постапува сега во однос на претходните години затоа што за трите поголеми случаи како Ласкарци, Модуларната болница во Тетово и запалениот автобус во Бугарија немало поднесено ниту една пријава од страна на МВР, ниту пак бил извршен претрес за разлика од сегашните кривични пријави што се поднесени за случајот во Кочани. 

Во однос на барањата од опозицијата да си поднесе оставка од функцијата, Тошковски вели дека чувствува морална одговорност, но дека чувствува уште поголема одговорност да се расчисти случајот до крај. 

Во однос на изјавата на заменик-министерот за правда Ален Деребан за „Гласот на Америка“ дека во брзо време ќе биде лишен од слобода поранешниот вицепремиер Артан Груби кој е во бегство надвор од државата, министерот Тошковски рече дека досега нема официјална потврда дека е лоцирано такво лице.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВИДЕО: Директор на Сименс и неговото семејство загинаа во хеликоптерска несреќа
Следна Статија Научници ги вратиле во живот „страшните волци“, праисториско животно изумрено пред 12.000 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

АМСМ: Поради технички проблеми утрово надвор од функција граничниот премин Блаце

Сообраќајот на магистрален пат Скопје – Граничен премин Блаце утрово не е во функција, а сообраќајот во моментов се пренасочува…

November 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ново зголемување од 7,5 проценти на платите во образованието, најави Мицкоски

Вработените во образованието ќе добијат покачување на платите за речиси 7,5 проценти – најави премиерот Христијан Мицкоски. Со ова, како…

April 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Вистинското слепило не е во очите, туку во нечувствителноста на срцето

Денот на белиот стап е потсетник дека разликите не не делат туку не зближуваат и прават побогати. Да создадеме и…

October 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Во периодот кој следи ќе се проверуваат и други објекти, а во врска со акцијата за заплена на огромна количина…

February 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?